Есента е вистинско време за промени во работата: Идеални кариери за секој хороскопски знак

Есента често е најдоброто годишно време за животни промени, па дури и кога станува збор за кариерата.

Астрологијата можеби има предлог која прилика е најдобра за вас, според вашиот хороскопски знак.

Овен

Според астрологот Сузан Милер, луѓето родени во знакот на Овен се родени лидери. Тие се одлучни и со натпреварувачки карактер, тоа ги прави идеални за различни улоги во секое подрачје. Многу се креативни, па природно гравитираат кон положби кои им овозможуваат да ги изразат нивните концепти на кои работат со месеци.

Идеални кариери за нив: извршен директор, менаџер на проект, личен тренер, сопственик на фирма, во трговија.

Бик

Многу се лојални и практични, природно гравитираат кон кариери кои им овозможуваат да работат на многу помали задачи. Сакаат да работат во сигурно, организирано опкружување и не сакаат хаос.

Идеални кариери: финансии и банкарство, здравствена администрација, проект менаџер, архитектура, наука, угостителство.

Близнаци

Тие се мајстори за комуникација, многу се интелигентни, сестрани и се адаптираат на околината. Многу се уверливи и добри во преговори.

Идеална кариера: продажба и маркетинг, новинарство, комуникации, патувања, развој на софтвер.

Рак

Грижливи се и со остар ум. Имаат шесто сетило за преговори и за емпатија, со срце се внесуваат во секоја работа што ќе ја преземат.

Идеална кариера: финансии, берза, социјална работа, медицина, домашна нега, актерство, архитектура, уредување домови.

Лав

Лавовите тежнеат кон кариери со кои секогаш се во центарот на настаните. Тие се природни лидери, забавни, амбициозни, одлучни, отворени, но и крајно непредвидливи. Многу се драматични, а можат да бидат спонтано креативни, самоуверени, екстровертни и доминантни.

Идеална кариера: глума, уметност, дизајн на костими и облека, маркетинг, образование, новинарство, право, менаџмент.

Девица

„Најпознати се по нивната извонредна способност за создавање јасна, разбирлива комуникација“, вели Милер за MSN.

Девиците се познати како организирани, практични и полни со здрав разум. Имаат тенденција да бидат ладнокрвни кога ќе настапи драма, што ги прави одлични во работи кои се под голем притисок.

Идеални кариери: лектор, уредник, телевизиска продукција, публицист, медицински здравствени занимања, трговец, услужна дејност.

Вага

Вагите се префинети, поетични и мили луѓе. ценети се во која било улога, имаат добар вкус за се и се посредници за мир во време на конфликти.

Идеални кариери: право, преговори, дипломатија, музеј, уредник, медиумски критичар, организатор на венчавки.

Скорпија

Со одлични вештини за слушање и фокус кон цели, Скорпијата постојано бара прилики за трансформација.

Сакаат да пронајдат одговори на важни прашања, не само за себе туку и за фирмите во кои работат. Иако некои се плашат од луѓето родени во овој знак, тие длабоко во себе се сочувствителни и лојални.

Идеални кариери: кризен менаџмент, логистика, проект менаџер, финансиски директор, финансии.

Стрелец

Припадниците на овој знак се многу интелектуални и сакаат да учат за светот околу себе. обожаваат филозофски расправи или да се занимаваат со прашања за животот. познати се по оптимизмот, љубовта кон природата и слободниот дух.

Идеални кариери: патување, образование, водител на програма, работа со млади, учител, продажба, морски биолог, зоолог.

Јарец

Енергијата на Јарците е одлучна и насочена кон постигнување на зададените цели. Тие им помагаат на луѓето да се насочат кон целите и да ги постигнат. Разуми се и практични, упорни додека не успеат.

Идеални кариери: право, сметководство, човечки ресурси, медицина, здравство, државна работа, производство.

Водолија

Често се на самиот врв на технологијата и иновациите, со оглед на нивната склоност кон промени и тестирање нови теории. Луѓето родени во овој знак се најсреќни кога го работат тоа што го сакаат. Многу им е важен и хуманитарниот аспект.

Идеални кариери: графички дизајнер, фотограф, дизајн на апликации, ветеринар, сопственик на фирма, услуги за ментално здравје и зависности, добротворна работа.

Риби

Имаат силна емоционална интелигенција која ги издвојува од стадото. Тивки се и способно да прават работи кои другите ги одушевуваат. Одлични се во улоги ориентирани на луѓе.

Кариера: здравство, лекар, физиотерапевт, психолог, музика, уметност, фотографија, добротворна работа.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе