Ескобар: Заедницата на српските општини ќе се формира, со или без Курти

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, синоќа изјави дека имал многу конструктивни разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград за француско-германскиот предлог за решавање на косовското прашање и дека следната средба на преговарачите во Брисел може да се одржи наскоро.

Ескобар, исто така, за Гласот на Америка изјави дека косовскиот премиер Албин Курти „не мора да се согласи“ со формирањето на Заедницата на српските општини бидејќи „Косово веќе се согласило“.

На прашањето дали дијалогот меѓу Белград и Приштина наскоро ќе биде обновен, Ескобар одговори дека „на прво место дијалогот не ни запре“, и „предизвикот беше што тој стана инструмент за решавање на кризите“.

„Сакаме повторно да го вратиме на стратешко ниво врз основа на француско-германскиот предлог. Мислиме дека тој предлог е добар. САД целосно го поддржуваат тој предлог и сакаме тоа да биде добро решение за двете земји. Со други зборови, Сакаме тоа да отвори европска перспектива за двете земји, да отвори можност за поголема соработка не само со Европа, туку и со регионот и со САД“ .

Ескобар рече дека меѓународната заедница бара од косовскиот премиер Албин Курти да формира Заедница на српски општини, нагласувајќи дека тој дел од договорот ќе се спроведе.

„Еден човек и една партија не можат да се откажат од спроведувањето на правно обврзувачките точки, тоа е факт. Ние ќе го направиме тоа, јас ќе го направам со наоѓање партнери, има многу луѓе кои би сакале да видат подобри односи меѓу Србите во север и остатокот од земјата“, рече Ескобар.

Ескобар рече и дека формирањето на ЗСО и преговорите за француско-германскиот предлог „не се целосно поврзани“.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Read more

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Регион

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Read more

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Read more

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Read more

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Read more
 

Вести

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Читај повеќе

Кумановец загинал откако возилото во кое патувал излетало од патот

Читај повеќе
  • filter

Фатена дрога испратена во мала пратка преку пошта

Читај повеќе

20 мај 1876, македонскиот народ го кренал Разловечкото востание

Читај повеќе

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе