Ескорт дамата Аманда Гоф, позната по уметничкото име Саманта Икс, откри што најмногу ги врти мажите.
Многумина од нас мислат на големи гради или задник, но се работи за сосема други работи. Прво, вели таа, ги палат жени кои носат очила.
„На Instagram објавив фотографија со очила. Моето сандаче беше преплавено со пораки“, рекла таа.
Покрај наочарите, повеќето мажи сакаат да гледаат жена во сосема опуштено издание, т.е. обична, спортска облека.
„Мажите сакаат кога изгледате како штотуку да сте се вратиле од теретана. Ова можеби не е добра вест за девојките кои трошат многу пари на фустани, а мажите имаат поглед вперен во хеланките фрлени во корпата за перење“, изјавила таа.
Таа изјавила и дека мажите многу се палат на женски стапала, дури и повеќе од нивните облини. Саманта тврди дека на OnlyFans ѝ плаќаат по неколку стотици долари за да им праќа фотографии од стапала и штикли. Таа додала дека дури и не бараат од неа да ги фотографира градите.
„Неодамна ги зголемив градите, но знаете што најмногу коментираат мажите? Моите стапала“, рекла таа.
Покрај горенаведеното, мажите сакаат да гледаат линии од костимот за капење кај жените кои остануваат на телото по сончањето.
„Исончаните линии се само навестување за мажите за она што е одоздола“, додаде таа.
Исто така ги возбудуваат пополните дами.
„Мажите сакаат заоблено, меко тело кое можат да го зграпчат. Мажите никогаш не ми кажале дека сум се здебелила, а кога мислев дека ја имам најдобрата фигура во мојот живот, ми рекоа дека сум изгубила многу килограми“, вели Саманта.