„ЕСМ Продажба“ објави повик за снабдување со природен гас

„ЕСМ Продажба“ објави повик за прибирање понуди од домашни и странски компании кои имаат можност да обезбедат и да испорачаат потребна количества на природен гас за производство на топлинска енергија за топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и за останатите потрошувачи на природен гас во државата, пред сè за поголемите производствени и услужни капацитети.

– Со оглед на тоа што на претходно распишаниот повик од АД ЕСМ имаше понуди кои не беа верификувани, а досегашниот испорачател „Промгас – Макпетрол“, со кој досега имавме договор не достави понуда, од страна на „ЕСМ Продажба“ е распишан нов повик, информираат од АД ЕСМ.

Како што нагласуваат, повикот ќе биде од отворен карактер и во однос на количините и во однос на времетраењето на испораката од страна на снабдувачите, за периодот 1 јануари до 30 април 2023 година.

„Макпетрол“ вчера соопшти дека од 1 јануари нема да увезува и да испорачува природен гас до своите потрошувачи.

Во соопштението испратено до јавноста, „Макпетрол“ посочи дека причина за ваквата ситуација се новите услови за работа кои ги предвидува, според нив, прерано потпишаниот договор за интерконекција меѓу државното претпријатие „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“, со што не се применливи досегашните услови според кои компанијата увезува и испорачува природен гас до своите потрошувачи. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе