Етиопија прва ги забранува возилата на бензин и дизел - преминува на е-автомобили

Оваа африканска земја троши милијарди долари годишно за увоз на гориво, а истовремено произведува 100% од својата електрична енергија од обновливи извори.

Втората најнаселена африканска земја и една од најбрзо растечките економии во светот - Етиопија, донесе одлука да го забрани увозот на сите возила со мотори со внатрешно согорување, и нови и користени, односно од бензинци и дизелаши да се преориентира исклучиво на електрични автомобили.

Затоа од Адис Абеба велат дека како прва земја во светот што се одлучила на ваков потег заслужуваат признание на глобално ниво.

Министерот за транспорт Алему Симе, кој ја објави владината одлука минатата недела, нагласува дека е забранета продажбата на сите возила на фосилни горива и посочува дека „Етиопија не произведува фосилни горива, туку ги увезува од странство и за тоа троши значителни средства во странски валути“.

Министерот нагласува дека во Етиопија се произведува струја во големи количини, дека струјата ја има во изобилство, а нејзината цена е многу пониска во споредба со горивото. Според податоците за минатата година, оваа источноафриканска земја потрошила околу 6 милијарди долари за увоз на гориво.

Иако инфраструктурата за полнење електрични возила во моментов е ограничена, според Меѓународната агенција за енергија, Етиопија произведува 100% од својата електрична енергија од обновливи извори, благодарение на силниот развој на сончевата, потоа хидро и ветерната енергија.

Со тврдењето дека електричните возила „масовно се произведуваат во светот“ и дека е можно „да им се обезбеди инфраструктура за полнење во Етиопија“, министерот нагласува дека земјата забрзано работи на изградба на станици за полнење на електрични возила.

„Етиопија е поддржувач на зелениот развој и е земја која напорно работи на тоа. А за да се намали загадувањето на воздухот, се претпочита електричен автомобил отколку автомобил на бензин“, заклучи Симе.

И покрај тоа што сè уште не се објавени деталите за забраната за увоз на возила на бензин и дизел, в очи паѓа фактот што Етиопија, а не некоја поразвиена земја, пионер во примената на електрични возила, како што е Норвешка, ќе стане прва која во целост се префрлила на имплементација на политиката на нулта емисија на издувни гасови од возилата.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Авто новости

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе