ЕУ ги усвои новите санкции против Русија

Европската Унија официјално го усвои осмиот пакет санкции против Русија, како одговор на нелегалната анексија на четири украински региони, јави дописничката на МИА од Брисел.

Главен фокус на овој пакет е ограничувањето на трговијата со руска нафта за трети земји, надвор од ЕУ.

Конкретно, ЕУ со ова воведува ценовен плафон за морскиот превоз на руска нафта во земји кои не се членки на ЕУ, каде санкциите врз нафтата се веќе усогласени. Европската Унија сака да го намали приходот од нафта за Москва, која поради санкциите својата трговија ја пренасочува вон ЕУ.

Ќе биде забрането да се превезува руска нафта од декември 2022, или нафта која се извезува од Русија по морски пат, и да се дава техничка или финансиска помош во оваа цел. Ценовниот плафон што се воведува ќе овозможи превоз само доколку купената нафта е под одредена цена. Датумот на стапување на сила и износот на плафонот сѐ уште не се усогласени на ниво на ЕУ. ЕУ се надева дека со ова ограничување на цената ќе се намалат приходите на Кремљ, иако бројни прашања остануваат неодговорени, како на пример начинот на кој ќе се контролира реалната цена на натоварената нафта, или промената на знамето на бродовите што ја превезуваат за да ги избегнат санкциите.

ЕУ потсетува дека на сила се и забрани за осигурителните компании и банките, што би требало да помогне да се намали обемот на превезена нафта.

За Западниот Балкан останува едно главно неодговорено прашање, а тоа е дерогацијата за добивање нафта преку Хрватска. Имено Хрватска преку нејзиниот нафтовод увезува руска нафта која потоа ја препродава на земјите од Западен Балкан.

Регионот се надеваше дека ќе добие изземање од овие санкции за да може да продолжи да набавува руска нафта преку Хрватска, но во овој момент земјите-членки не успеале да се договорат за оваа дерогација. Од Европската комисија велат дека темата не била темелно дискутирана во ЕУ, но дека ќе се врати на дневен ред пред декември, кога стапува на сила новиот пакет.

– Немавме потреба да одлучуваме за ова во овој момент, проблемот ќе се појави кога ќе се превезува нафта по морски пат во декември, тогаш ќе има дискусија како да се справиме со ова, објаснуваат експертски извори од институциите на Европската Унија, кои учествуваат во креирањето на пакетите санкции.

Тие велат дека кога руска нафта пристигнува преку Хрватска за да се упати кон Западниот Балкан, се отвора прашањето „до која мера можеме да продолжиме кога забраната за увоз по морски пат за Хрватска“ стапи на сила. Односно, кога санкциите ќе стапат на сила, Хрватска доколку увезува руска нафта де факто би ги прекршила сопствените ЕУ санкции, доколку ја користи таа нафта.

Доколку не ја користи и ја упати исклучиво кон земјите од Западен Балкан, како трети земји, повеќе земји-членки изјавиле дека тоа би значело дека регионот би бил во привилегирана позиција во споредба со земјите-членки на ЕУ, објаснуваат експертите на ЕУ.

Прашањето ќе се врати на дневен ред и несомнено ќе отвори комплексни дебати.

Во меѓувреме се појавија и наводи дека одбивањето за дерогација во сегашниот пакет санкции е поврзан со одбивањето на Србија да се усогласи со санкциите на ЕУ против Русија. Овие наводи не ги потврдуваат други дипломатски и експертски извори во ЕУ, иако повторуваат дека не е променет ставот на ЕУ дека Белград треба да се усогласи.

– Сѐ уште има време за дискусијата за дерогација за Западен Балкан, велат од ЕУ, дискусијата ќе се случи пред декември.

Освен тоа, многумина дипломати оцениле и дека Западниот Балкан има доволна диверзификација на енергетските извори за да може да се снајде и без ваква дерогација.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Свет

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Read more

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Read more
 

Вести

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе
  • filter

Голем протест во Шведска: Не го сакаат Израел на Евровизија, меѓу демонстрантите и Грета

Читај повеќе

Симфонија на трајни вредности: концерт на Мизар и Хармосини во Македонска филхармонија

Читај повеќе

Груевски ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ: Мнозинството ги казни политиките што ги постави Заев

Читај повеќе

Ги прскала со вода за да ја намалат вревата во Гази Баба, а тие со лименки фрлале кон неа и ја повредиле

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Читај повеќе
  • play_arrow

Украина изведе најдлабок напад во Русија, погоди рафинерија оддалечена 1.500 км

Читај повеќе

Маричиќ: Оставаме во наследство подобра држава од онаа што ја затекнавме, но не доволно добра за очекувањата на граѓаните

Читај повеќе