ЕУ го предупреди Орбан: Плаќањето руски гас во рубли е кршење на санкциите

Доколку Унгарија одлучи да ги плаќа руските енергенти во рубли, тоа ќе се смета за кршење на европските санкции, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за CNN.

– Направивме анализа на декретот на Путин и правната ситуација е многу јасна. Она што Путин го сугерира, конвертирање на еврото во рубли, со што потоа би се плаќал гасот, би значело кршење на санкциите. Ако го направите тоа, мислам на плаќањето во рубли, вие ги прекршувате санкциите што ги воведовме на Русија, истакна Фон дер Лајен во интервју за CNN.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна изјави дека Унгарија е подготвена да го плати рускиот гас во рубли, откако рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој се бара од „непријателските“ земји да го плаќаат рускиот гас во рубли.

Таа нагласи дека „ЕУ е во преговори со Будимпешта“.

– Досега Унгарија се придржува кон санкциите и додека не видиме поинаков начин на дејствување, сè е во ред. Никогаш досега не сме ја виделе ЕУ вака обединета. Мислам дека секоја земја-членка се прашува дали сака да биде првата што ќе го наруши таквото единство. Мислам дека не го сакаат тоа, додаде Фон дер Лајен. 

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

„Исплива“ видео: Дали победата на Немо на Евровизија беше наместена?

Read more

Свет

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Read more

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Read more

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Read more

Пијан возач предизвика сообраќајка со 8 мртви и 40 повредени

Read more
 

Вести

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Читај повеќе

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Читај повеќе

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Читај повеќе

Ердоган: На ​​Нетанјаху му претстои судбина слична како на Хитлер

Читај повеќе

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Читај повеќе

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Читај повеќе

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Читај повеќе