ЕУ ќе забрани увоз на стоки произведени со уништување на шуми

Преговарачите на Европскиот парламент и Советот на ЕУ во утрово постигнаа политички договор за закон со кој се забранува увоз на производи од уништување на шумите во ЕУ.

Договорот за регулативата за уништување и деградација на шумите допрва треба да биде потврдена од посебен Совет и Парламент, а регулативата стапува во сила 20 дена по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ.

Според регулативата, увозниците ќе треба да докажат дека стоката што ја увезуваат на територијата на ЕУ не е создадена со уништување на шумите, што значи дека жителите на земјите од ЕУ повеќе нема да можат да консумираат производи како говедско месо, кафе, какао, палмино масло, соја и дрво чие производство придонело за уништување на шумите во различни делови од светот.

Оние кои ќе го прекршат ова правило се соочуваат со високи казни, кои можат да достигнат 4 отсто од нивниот промет во ЕУ.

Главна причина за сечењето на шумите и деградацијата на шумите е проширувањето на земјоделското земјиште за производство на одредени производи. ЕУ е еден од најголемите потрошувачи на стоки поврзани со уништување на шумите и деградација на шумите. Оваа регулатива се очекува да ја намали потрошувачката на производи од синџирите на снабдување поврзани со уништувањето на шумите и деградацијата на шумите и да ја зголеми побарувачката на ЕУ за стоки произведени на легален начин што не вклучува уништување на шумите.

Комисијата го поздрави привремениот политички договор.

„Кога ќе биде усвоен и имплементиран, новиот закон ќе гарантира дека голем број клучни стоки пласирани на пазарот на ЕУ веќе нема да придонесуваат за уништување на шумите и деградација на шумите во ЕУ и на други места во светот“, соопшти Комисијата.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе