ЕУ планира да ги замрзне цените на гасот и струјата

Европската комисија ги разгледува опциите за замрзнување на цените на енергијата и намалување на побарувачката за електрична енергија, изјави висок претставник на Европската комисија.

Русија ја намали испораката на гас за Европа по нејзината инвазија на Украина, со што цените на природниот гас се најдоа на рекордно ниво и ги принудија земјите да бараат гас од други добавувачи и да ги заштитат потрошувачите од постојано зголемување на сметките.

„Работиме на итни мерки поврзани со цените на електричната енергија. Тоа може да биде и нешто за намалување на побарувачката за електрична енергија“, рече Мехтилд Воерсдоерфер, заменик генерален директор на Одделот за енергетика на Комисијата на состанокот на Комитетот за енергетика на Европскиот парламент.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе ги претстави идеите на Комисијата за замрзнување на цените на енергијата во говор на 14 септември, објави Воерсдоерфер.

Итни состаноци

Говорот ќе следи неколку дена откако министрите за енергетика на земјите-членки на Европската Унија ќе одржат итен состанок на 9 септември за одговорот на скокот на цените на енергијата што се одразува на европската индустрија и ќе влијае на повисоките сметки за домаќинствата во претстојната зима.

Државните лидери сè повеќе бараат ЕУ да преземе мерки за да ги ограничи овие трошоци. Италија, Белгија и Чешка се залагаат за замрзнување на цената на гасот во целиот блок, додека Франција и Грција сакаат Европа да ја одвои цената на електричната енергија од постојано растечката цена на гасот.

Комисијата размислува за ревизија на пазарот на електрична енергија во Унијата. Воерсдоерфер рече дека реформите ќе бидат подолгорочна мерка, а Брисел ќе претстави „конкретни опции“ за промени по говорот на Фон дер Лајен.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе