ЕУ постигна договор за директива за минимални плати

Преговарачите од Европскиот парламент и ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ синоќа постигнаа договор за предлогот за директива за соодветни минимални плати.

Новата директива има за цел да ја подобри адекватноста на законските минимални плати со цел да се обезбедат пристојни услови за работа и живот за вработените во Европа.

Минимална плата постои во сите земји-членки. Во 21 земја-членка се пропишани со закон, а во шест земји (Австрија, Кипар, Данска, Финска, Италија и Шведска) минималните плати се преговараат со колективно договарање.

Оваа директива не менува ништо за оние земји каде што минималните плати се преговараат во колективно договарање. Во повеќето земји-членки со законски минимални плати, тие се несоодветни и оваа директива треба да го промени тоа.

Која е целта?

Целта на директивата не е да се усогласи нивото на минималните плати во ЕУ, ниту да се воспостави единствен механизам за утврдување минимални плати во земјите-членки, бидејќи Унијата нема надлежност за овие прашања. Целта е да се воспостават минимални услови за утврдување на соодветна минимална плата со јасни и стабилни критериуми, кои редовно и навремено ќе се ажурираат и ќе се обезбеди вклученост на социјалните партнери.

Според договорената директива, се поставуваат стандарди за законски минимални плати од кои работниците би можеле пристојно да живеат. Овие стандарди ќе се одредуваат според куповната моќ, земајќи ги предвид трошоците за живот и општата стапка на раст и релативната структура на платите во секоја земја на ЕУ.

Договорено е ажурирањето на законските минимални плати да се врши најмалку на секои две години или најмногу на секои четири години за оние земји кои го користат механизмот за автоматско индексирање. Социјалните партнери ќе мора да бидат вклучени во процесот на утврдување и ажурирање на законските минимални плати.

Зајакнување на работниците и синдикатите

Директивата исто така има за цел да ги зајакне работниците и синдикатите за време на колективното договарање. Според директивата, кога стапката на покриеност на колективното договарање е под 80 проценти во земја-членка, таа ќе мора да усвои национален акционен план за прогресивно зголемување на бројот на заштитени работници.

Земјите-членки каде огромното мнозинство работници се заштитени со колективни договори имаат помалку работници со ниски плати, пониски стапки на нееднаквост и генерално повисоки плати.

Директивата предвидува и подобрен мониторинг на спроведувањето на законот. Земјите-членки ќе треба да собираат податоци за покривањето на минималната плата и нејзината адекватност и да обезбедат работниците да имаат пристап до решавање спорови и да имаат право на компензација.

Договорената директива сега мора да биде одобрена од двајцата колегатори, Советот и Парламентот. Директивата влегува во сила 20 дена по нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ. Земјите-членки ќе имаат рок од две години да ја пренесат директивата во националното законодавство.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе