ЕУ сложна за воведување нови санкции против Русија

Министрите за надворешни работи на ЕУ се согласија да ги заострат санкциите кон Русија и да ги зголемат испораките на оружје за Киев, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди мобилизација на стотици илјади Руси за војната во Украина.

Министрите за надворешни работи кои се во Њујорк на состанокот на светските лидери во Обединетите нации одржаа вонреден состанок доцна во средата во врска со украинската криза.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, изјави дека најавата на Путин за анексија на делови од украинската територија и заканата од нуклеарно оружје покажуваат „паника и очај“.

„Јасно е дека Путин се обидува да ја уништи Украина“, изјави Борел за новинарите по состанокот на министрите на ЕУ.

Откако беа информирани од украинскиот министер за надворешни работи Дмитри Кулеба, министрите се согласија да подготват осми пакет санкции што ќе ги таргетира „порелевантните сектори на руската економија и ќе продолжи да ги таргетира луѓето одговорни за војната за агресија во Украина“, рече Борел.

Министрите на ЕУ ќе го одржат својот следен официјален состанок во средината на октомври кога се очекува да биде формализиран пакетот санкции.

Министрите се согласија и да ја зголемат испораката на оружје за Украина. Борел одби да даде дополнителни детали за видот на санкциите или воената поддршка, но рече дека верува оти ќе има „едногласна“ поддршка за новите мерки во Унијата.

Естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу во интервју за Ројтерс изјави дека Путин се обидува да го исплаши и подели Западот, но и дека неговите последни изјави се „пресвртница“.

Состанокот во средата беше одржан за да се нагласи единството, брзо да се придвижи новиот пакет санкции и да се финансира европската мировна помош за зајакнување на снабдувањето со оружје на Украина, рече тој.

Зачувувањето на единството меѓу 27-те земји-членки за пакетот санкции може да се покаже сложено во услови на криза во снабдувањето со енергија што силно ја погоди Унијата.

Тагови
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Свет

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more

Папата ги повика владите на демографски политики: Не недостигаат кучиња и мачки, туку деца

Read more

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Read more

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе