Евертон доби дозвола да го изгради стадионот на вода

Фудбалскиот клуб Евертон доби одобрение од британската влада за изградба на нов стадион во северниот дел на Ливерпул и со тоа веќе нема пречки за почнување на капиталниот проект на клубот.

Претходно, Градскиот совет на Ливерпул му издаде дозвола на Евертон за изградба на нов „стадион на вода“ на локација кај градскиот кеј на реката Мерси.

Клубот претходно соопшти дека бараат локација за изградба на нов стадион веќе 25 години затоа што сегашниот Гудисон Парк има многу ограничувања, особено кога станува збор за проширување на трибините. Новиот стадион треба да има повеќе од 52.000 места.

Проектот за изградба на нов стадион во Евертон вреди половина милијарда фунти и треба да обезбеди работни места за 15.000 луѓе, а се наведува дека треба да биде најмодерниот стадион во цела Велика Британија.

Предвидено е и дополнително обновување на сегашниот стадион Гудисон Парк, каде Евертон игра од 1892 година.

Remote video URL
реклама

Архитектура

Колку треба да „дишат“ фасадите?

Read more

Полска го гради најголемиот транспортен центар во Европа

Read more

Како Грција почнува да гради свој Дубаи?

Read more

Нереалниот план за лебдечки аеродром во Лондон вреден 76 милијарди долари

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Како вештачката интелигенција ја налути цела поранешна Југославија?

Читај повеќе
  • filter

Во еден час собрани 683.000 денари за граѓански иницијативи на донаторскиот кружок на Конект

Читај повеќе

Лекарка предупредува на знаци на инсулинска резистенција кои многумина ги занемаруваат

Читај повеќе

Лето 2025: Кои се најевтините дестинации во Црна Гора?

Читај повеќе

Пет додатоци во исхраната кои помагаат кога кортизолот е превисок

Читај повеќе

10 причини зошто пешачењето не ви покажува резултати

Читај повеќе

Научниците откриваат навика која може да ја врати биолошката возраст назад за 12 години

Читај повеќе

Што му предвидува големиот летен љубовен хороскоп на вашиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Микро тренинзи: Три брзи вежби кои го јакнат телото за неколку минути

Читај повеќе