ЕвроПрајд во Белград има нова рута: Ќе се собереме и покрај забраната на МВР

Организаторите на ЕвроПрајд до Владата на Србија поднесоа петиција со 27.000 потписи за одржување на Прајд.

Од претседателот и премиерот се бара „да овозможат одржување на ЕвроПрајд 2022 според планираното.

Ја најавија и новата рута на саботната прошетка - од Уставниот суд до Ташмајдан, пренесуваат белградските медиуми.

„Инсистираме ЕвроПрајд да се одржи во форматот што го предвидовме, немаше ниту еден инцидент во текот на овие четири дена. Денеска е петок и вечерва со почеток во 18 часот, како и утре во истиот термин, ќе имаме два концерта на Ташмајдан. Тоа значи дека веќе направивме многу компромиси со преместувањето на концертите од Калемегдан на Ташмајдан, а тоа ѝ е познато на јавноста“, вели Горан Милетиќ.

Тој додава дека, по забраната на МВР, добиле „две шамари од правосудните институции“.

„Прво од Управниот суд и уште полошо од Обвинителството кое не најави дека ќе се занимава само со насилници, туку дека ќе ги казни сите, што е неприфатлива порака. Повторно поднесовме пријава до МВР за прошетка, за собир на отворено, тоа ќе биде протестна прошетка, малку поразлична од она што сакавме досега. Ќе поминеме пред Уставниот Суд. Ќе одиме по булеварот крал Александар, по Београдска, Илија Гарашанин, до влезот во Ташмајдан, каде што ќе се одржуваат концерти до 1 часот по полноќ“, вели тој.

Посочува дека е разочарувачки она што го најавува обвинителството.

„Доведени сме во ситуација да немаме избор, и покрај забраната на МВР, ќе се собереме. Ова е сосема поинаков Прајд од обичните што ги имавме досега. Претходно испративме покани до претставници на властите, па писма до пратениците, до министри, тоа го направивме во 2011, 2012, 2014 година... Во еден момент сре појави онаа реченица, која спонтано произлезе ‘На Прајд не се кани, на Прајд се доаѓа’. Сите знаат дека Прајдот е симболичен. Не барајте да ве поканиме“, рече тој.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Регион

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе