Европратеници: Руските трупи во Белорусија се закана за цела Европа

Група од 77 пратеници на Европскиот парламент испрати писмо до лидерите на европските институции во кое предупредуваат дека распоредувањето на руски војници во Белорусија претставува закана за цела Европа.

„Би сакале да ја изразиме нашата длабока загриженост дека неодамнешното распоредување на руски трупи во Белорусија претставува закана за Украина, Полска, Литванија, Латвија и цела Европа“ се вели во писмото до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецоли.

Пратениците истакнуваат дека континуираното присуство на руските воени сили на барање на нелегитимниот режим на Александар Лукашенко треба да се смета за окупација на Белорусија.

Руските маневри во Белорусија се поопасни од оние на украинската граница

Во писмото, исто така, се наведува дека „секоја дипломатска одлука за одвраќање на можна руска агресија врз Украина мора да предвиди независна и демократска иднина за Белорусија, а не на нејзина штета“.

Литванскиот европратеник Петрас Аустревичиус вели дека „руските маневри внатре во Белорусија се поопасни од оние на границата со Украина“.

Во писмото се вели дека најновите воени вежби на руската и белоруската армија може да доведат до трајно распоредување на руските сили, вклучително и конвенционално и нуклеарно оружје, во Белорусија.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе