Европскиот парламент побара санкции за Турција

Европски парламент (ЕП) денеска го повика Европскиот совет (ЕС) да воведе санкции кон Турција, се наведува во соопштението по повод усвоената резолуција со 631 глас „за“, 3 „против“ и 59 „воздржани“.

– Одлуката на Турција да ја „отвори“ областа Вароша во градот Фамагуста на островот Кипар ги поткопува изгледите за сеопфатно решение за кипарското прашање. ЕП ја повикува Турција да им ја предаде Вароша на нејзините жители, кои се под привремена администрација на Обединети нации и да се воздржи од каква била акција што ја менува демографската рамнотежа на Островот преку политика на незаконско населување, се истакнува во резолуцијата.

Во документот се наведува дека до трајно решение за повторно обединување на Кипар може да се дојде само преку дијалог, дипломатија и преговори. ЕП апелира ЕС да заземе став за незаконските активности на Анкара.

Европратениците изразија жалење што турските власти поддржаа решение засновано врз принципот на постоење на две држави на островот и изразија поддршка за фер, сеопфатно и изводливо решение засновано на федерација со две заедници, со единствен меѓународен правен статус. Тие ја повикаа ЕУ да игра поголема улога во преговорите, што се одвиваат под покровителство на ОН.

Турција сѐ повеќе се оддалечува од европските вредности, а незаконската и еднострана воена акција во Источниот Медитеран го нарушува суверенитетот на Грција и Кипар, се додава во резолуцијата.

Европратениците ја нотираа и директната поддршка на Турција за Азербејџан во конфликтот во Нагорно-Карабах, како и активностите на Анкара во Либија и во Сирија.

Тагови
реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе