Европскиот парламент усвои Резолуција против расизмот

Европскиот парламент усвои резолуција „Животите на црнците се важни“ како одговор на протестите за расна правда што се проширија низ цела Европа по убиството во САД на Афромериканецот Џорџ Флојд.

За резолуцијата гласаа 493 европратеници, 104 беа против и 67 воздржани, а во неа се прокламира дека трговијата со робови е „злосторство против човештвото“. Во текстот на резолуцијата, парламентот „остро ја осудува грозоморната смрт на Џорџ Флојд во САД, како и слични убиства на други места во светот“.

ЕП изразува поддршка за неодамнешните демонстрации против расизмот и дискриминацијата и го осудува „белиот расизам во сите негови форми“. Европратениците ги осудуваат полициските акции против „мирољубиви афроамерикански демонстранти и новинари“ и „запаливата реторика“ на американскиот претседател Доналд Трамп. Резолуцијата нагласува дека расистичкиот и ксенофобичниот говор не е прашање на слобода на изразување

„Прекумерната употреба на сила против луѓето е спротивна на принципите на пропорционалност“, оценија европратениците. Резолуцијата, исто така, потенцира дека расистичкиот и ксенофобичниот говор не е прашање на слобода на изразување.

За време на пленарната расправа во средата, германската европратеничка Пиерет Хербергер-Фофана рече дека била жртва на полициско насилство претходниот ден во Брисел, кога снимала говор за кој сметала дека е насилен, верзија демантирана од белгиската полиција. Таа добиваше постојани овации за време на својот говор и им порача на европратениците дека е допрена од гестот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе