Евтината тарифа на струјата се враќа од 1 декември, ќе важи два часа во денот

Енергетската криза е новото нормално, смета Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Тој соопшти дека евтината тарифа на струјата се враќа од 1 декември.

„Ќе важи од 13 до 15 часот. Тоа е максимум што можеме да направиме. Евтината тарифа ја воведуваме поради сигналот на цената на електричната енергија. Цената на електрична енергија осум месеци наназад е пониска“, додаде Бислимоски.

Тој посочи дека ова е сигнал за ЕСМ и ЕВН да ги интензивираат набавките на електрична енергија.

„Треба да се навикнеме и да се приспособуваме на новото време“, посочи Бислимоски.

„Македонија беше соочена со енергетска и ценовна криза. Имаше драстично зголемување на цените. Успеавме во најголем дел да се справиме со оваа криза“, додаде.

Бислимоски смета дека во декември цените на електричната енергија биле намалени.

„За малите потрошувачи ги намаливме 20%, за домаќинствата без ДДВ - 3%“, додаде Беслимовски.

Remote video URL
реклама

Македонија

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе