Еж - драг гостин во секој двор кој ги брка змиите

Со порастот на температурите, змиите сѐ почесто излегуваат од нивните скривалишта, и соодветно на тоа се зголемува бројот на повици од вознемирени граѓани поради средби со змии.

Но, освен одредени растителни видови кои можат да ги одвратат змиите, најбезбедни сте доколку во близина на вашиот дом забележите еж, од кој змиите панично се плашат.

Покрај од змии, ежовите ве штитат и од ларвите на бројни инсекти, полжави и други штетници кои можат да ѝ наштетат на вашата градина. Со други зборови, ако ежот е редовен гостин во вашата градина, не треба да користите инсектициди и пестициди, или барем да ја намалите нивната употреба.

Страдаат од отрови, автомобили и косилки

Сега е период од годината кога ежовите се многу активни, бидејќи бараат сезонски партнер за парење или место каде би можеле да донесат млади на свет. Но, бидејќи многу ежови живеат во урбани средини, средбата со луѓето знае да биде фатална по нив. Најмногу страдаат низ маалските улици поради автомобили, но и од отровите што луѓето ги ставаат за да ги избркаат глодарите. Друго смртоносно оружје за нив претставува косилката за трева. Често се неприметливи во високата трева, па доколку претходно не ги предупредите или не косите полека и внимателно, можете смртно да ги повредите.

Прегазен еж во скопската населба Пролет; Фото: Филип Здравески

Станува збор за особено корисни цицачи кои градинарите особено ги обожуваат, со оглед на тоа што припаѓаат на видот инсектојадци.

Се хранат со бројни без'рбетници како полжави, пајаци, скакулци, но повремено и со жаби, гуштери, кртови, а и змии.

Ежовите се хранат и со змии отровници бидејќи во себе го имаат протеинот еринацеин, кој го оневозможува протеолитичкото делување на змискиот потров.

Што да правите ако во дворот сретнете еж?

Ако во вашиот двор сретнете еж, наградете го со обилна гозба. И да немате змии, ежот може само корист да ви донесе, па треба да го примамите да остане во вашиот двор. Внимавајте само да не го раните со храна што не ја поднесува, како млеко, леб и зелјести растенија (како кељ или карфиол).

Можете да им дадете варено јајце, или пак 1-2 лажички конзервирана храна за мачки.

Избегнувајте да ги фаќате со голи раце бидејќи ежовите се многу осетливи на бројните бактерии што се наоѓаат на човечката рака. Тие бактерии на кои човекот е имун, за ежовите можат да бидат смртоносни.

Ако видите млади ежиња без мајка во близина, треба да ги стоплите и да контактирате со локално засолниште. Ставете ракавици и нежно земете го малиот еж и ставете го во обложена картонска кутија за да се загрее. Воедно, нагласуваме дека грижата за ежињата е многу сложена и не се препорачува за луѓе што не се образовани за тоа, бидејќи шансата за преживување и враќање во природното живеалиште на ежовите се намалува ако треба да станат независни.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more
 

Магазин

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе