Факти и информации за македонскиот јазик и култура на штандот на македонскиот КИЦ во Софија

Информации и факти за македонската култура и јазик, како и брошури и каталози за Република Северна Македонија, се достапни за посетитетлите на македонскиот штанд на плоштадот „Славеиков“ во Софија, поставен по повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците.

Македонското претставување на оваа манифестација го огранизира Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија. Како што јави дописникот на МИА, програма за посетителите на штандот ја води режисерот и актер Ѓорѓи Георгиев - Антика од Штип, придружуван од неговиот колега Пламен Великов од Софија.

КИЦ на Република Северна Македонија во Софија по шести пат учествува на овој значаен културен настан. Заедно со КИЦ на Северна Македонија, учествуваат и културните центри на Чешка, Полска, Шпанија и Италија.

Полскиот културен центар во Софија ѝ подари дел од својот простор на Украина, каде што има книги поврзани со нејзината култура. Сашко Насев, директорот на КИЦ на Северна Македонија, го посети полско-украинскиот штанд и разговараше со нивните претставници за културните врски меѓу Скопје, Варшава и Киев.

Одбележувањето на Денот на европските јазици оваа година се совпаѓа со празникот на Софија. Градоначалничката на Софија, Јорданка Фандакова, ги отвори настаните поврзани со празникот на бугарската престолнина посветени на православниот празник Вера, Надеж и Љубовта.

реклама

Култура

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Read more

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе