Факти и митови за 5G и коронавирусот
Се чини дека 5G технологијата постојано добива лоша репутација. Претходно ѝ припишуваа вина за зголемената стапка на заболени од рак, аутизам, па дури и ја наведуваа како причина за неплодност. Сега ѝ ја припишуваат пандемијата со коронавирусот.
Еве зошто ништо од ова не е точно.