„Фанк шуи“ се македонските финалисти на ХЕМИ музичките награди

Скопје, 15 март 2021 (МИА) – Еден од најпрогресивните македонски музички состави – „Фанк шуи“, моментно актуелен со песната „Не Време”, се наоѓа меѓу деветте финалисти номинирани за ХЕМИ музичките награди.

Се работи за нова програма, наменета за талентирани музички изведувачи кои се подготвени да развијат меѓународна кариера и да ја пласираат својата музика на европско ниво. Од вкупно 285 европски таленти од Средна и Југоисточна Европа, жирито првично избра 27 бенда од 9 држави, меѓу кои беа избрани и македонските „Плутос даутс“, „Фанк шуи“ и „Ју“. Во вториот круг, со гласовите од жирито, влегоа само „Фанк шуи“, заедно со уште осум европски бендови.

Меѓународното жири на Центарот за размена на музички иновации ХЕМИ, е составено од организатори на фестивали, промотори, менаџери, продуценти и музички новинари. Во втората фаза на наградите, финалистите ќе добијат персонализирани сесии и професионални тренинзи од страна на ментор – стручњак во областа на музичката индустрија, кој ќе биде назначен согласно потребите на секој бенд.

Заедно со обуката овозможена од ХЕМИ, деветте финалисти ќе изработат материјал кој ќе го претстават за време на ХМА сесијата во живо, а последната фаза на наградите е во јуни, кога ќе се изберат тројца победници.

Покрај „Фанк шуи“, меѓу 9-те финалисти се наоѓаат и пејачот и баскер „Том Артваy” од Чешка, нордиското електро-поп трио од Естонија “Ај вер експеримент”, алт-рокерите од Грција „Деф рејдио”, блуз-бендот „Вудсток барби” од Унгарија, „гараж-рок“ триото, сопственик на еден од најдобрите српски албуми за 2020 година – „Догс ин Кавала”, полскиот квартет „Изи енд д Блек трис”, првата Јутјуб сензација во Романија „Луција” и словенечката „Коала воис” кои одлично ја комбинираат „независната музика“ со рок и поп-звукот од 70-тите.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

МК сцена

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе