Фаучи: Трета доза ќе стане стандард за „целосна вакцинација“ против COVID-19

Главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, предупреди дека слабеењето на ефектот на вакцините во комбинација со високо преносливата делта варијанта на коронавирусот ќе доведе до двоен удар, што ќе ги погоди и вакцинираните луѓе.

Како што се приближува зимата и бројот на случаи на коронавирус повторно се зголемува, главниот медицински советник на Белата куќа Ентони Фаучи предупредува дека слабеењето на ефектот на вакцината во комбинација со високо преносливата делта варијанта ќе доведе до „двоен удар“ што ќе влијае дури и на вакцинираните луѓе.

– Малку вознемирувачки аспект од ова е тоа што ако го задржите нивото на динамика на вирусот во заедницата на високо ниво, очигледно луѓето кои се најранливи се невакцинираните, но кога имате вирус кој се пренесува како делта, во контекст на слабеење на вакцината, таа динамика негативно ќе влијае дури и на вакцинираните луѓе. Значи, тоа е двоен удар, рече тој на самитот СТАТ 2021.

– Ќе има зголемување на бројот на заразени меѓу вакцинираните, што ќе биде поголем од сега, додаде тој.

Неговото негативно предвидување е во согласност со предупредувањата на другите експерти кои го најавуваат новото ширење на COVID-19, бидејќи сѐ повеќе луѓе ќе поминуваат време во затворени простории како што се наближуваат празниците, за време на кои се одржуваат семејни собири.

Националниот дневен просек на нови случаи се искачи на повеќе од 80.000, според федералните податоци, што е највисока стапка за скоро еден месец.

Вкупно 40 американски држави во моментов покажуваат висока стапка на инфекција, а вкупниот број на хоспитализации се зголеми за првпат во речиси 10 недели.

Не само што ќе биде важно да се убедат приближно 60 милиони невакцинирани луѓе дека треба да се имунизираат, туку е многу важно „да се спроведе програма за третата доза од вакцината“, рече тој.

Фаучи додаде дека дополнителните дози на вакцината против COVID-19 би можеле да станат стандард за „целосна“ вакцинација.

Изјавите на Фаучи дојдоа во време кога сè поголем број држави и локални власти вршат притисок за продолжување на задолжителната вакцинација на трета доза.

Нивната цел е да ја воведат третата доза за сите возрасни најмалку шест месеци по втората вакцина на Pfizer/BioNTech или Moderna.

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Свет

Рој оси нападнаа израелски војници во Газа, некои се со по стотици убоди

Read more

Во Индија падна огромен билборд, загинаа 14 лица

Read more

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Read more

Украина: Соборивме руски борбен авион

Read more
 

Вести

Рој оси нападнаа израелски војници во Газа, некои се со по стотици убоди

Читај повеќе

Метеоролозите најавуваат поројни дождови попладнево и нестабилно време до четврток

Читај повеќе
  • play_arrow

Во Индија падна огромен билборд, загинаа 14 лица

Читај повеќе

Заев и Ципрас оствариле телефонски разговор: Порастот на националистичкиот популизам од двете страни оценет како лицемерен и опасен

Читај повеќе

Арсовска: Знаат да склучат договор за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор

Читај повеќе

Американците ќе го кренат во воздух мостот во кој удри огромниот брод

Читај повеќе

Украина: Соборивме руски борбен авион

Читај повеќе

Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе