ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори во САД

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори во Соединетите Американски Држави, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека Техеран е одговорен за испраќање заканувачки електронски пораки до демократските гласачи.

Директорот на Националната разузнавачка служба Џон Ретклиф и директорот на ФБИ Крис Вреј на прес-конференција рекоа дека САД ќе одговорат на која било земја што ќе се обиде да се меша во изборите.

Ретклиф прецизира дека целта на иранските „лажни електронски пораки“, кои наводно ги испраќала крајно десничарската група на приврзаници на Доналд Трамп, „Горди момчиња“, е да предизвикаат немири и да му наштетат на сегашниот претседател, пренесува BBC.

Тој додаде дека податоците може да се искористат за да се пренесе погрешна порака до регистрираните гласачи, што испраќачите се надеваат дека ќе предизвикаат конфузија и хаос и ќе ја нарушат довербата во американската демократија.

Ретклиф рече дека не биле забележани слични активности од Русија, но дека тие биле свесни дека и Москва имала информации за гласачите.

– Ова се очајни потези на очајни непријатели, рече Ретклиф.

Како што пренесуваат странските агенции, невообичаената прес-конференција на разузнавачките служби се одржа на помалку од две недели пред претседателските избори во САД, откако демократските гласачи во најмалку четири клучни сојузни држави добија заканувачки мејлови, за кои лажно се тврди дека доаѓаат од „Гордите момци“, во кои се предупредува дека ќе бидат прогонувани ако не гласаат за Трамп.

Се верува дека во оваа операција биле користени и-меил адреси од регистарот на гласачи, кои вклучуваат определеност, домашна и и-меил адреса и телефонски број.

Испраќачите тврдат дека ќе знаат за кој кандидат гласал примателот на изборите на 3 ноември, за кои веќе почна гласањето по пошта.

BBC оценува дека одржувањето на прес-конференцијата е доказ дека Владата е загрижена поради мешањето и кампањите за ширење дезинформации од странски земји на претстојните избори.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе