ФБИ советува на кои места да не го полните мобилниот

Дали го полните телефонот на јавно место? Време е да престанете.

Иако полнењето на батеријата на телефонот на јавно место изгледа примамливо кога процентите на батеријата се мали, ова може да биде исклучително опасно, па најдобро е да не го правите тоа. Иако од време на време стигнуваат слични предупредувања, ретко кој ги сфаќа сериозно. Меѓутоа, дека опасноста е реална најдобро говори фактот што најновото доаѓа директно од американското Федерално истражно биро (ФБИ).

Како што предупредува ФБИ, избегнувајте да го полните телефонот во трговски центри, хотели и аеродроми - злонамерните актери ги менуваат каблите и USB-портите на јавните станици за полнење за да вметнат вируси или софтвер за надзор во вашиот уред. На овој начин, хакерите можат да ја преземат контролата над вашиот телефон, да се приклучат на мрежа на бот или дури да испраќаат пораки за кои скапо ќе платите. Исто така, тие можат да пристапат до сите ваши сметки, па дури и до чувствителни банкарски информации.

Покрај локациите наведени од ФБИ, би додале и железнички и автобуски станици, туристички атракции, како и кафулиња, бидејќи тоа се многу посетени места, а криминалците ги обожаваат поради големиот број потенцијални жртви.

Ова, се разбира, не значи дека треба да избегнувате полнење по секоја цена, туку само ако USB-порт или кабел е достапно решение. Како што вели ФБИ, носете го вашиот USB-кабел и полнач насекаде и слободно користете штекери за струја, доколку се достапни. Нема пренос на податоци помеѓу штекерот и полначот, така што вашиот телефон е целосно безбеден во овој случај.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Вести

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе