Филипче: Пандемијата сè уште не е завршена

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека одлуката на Европската Унија за олеснување на патувањата на нашите државјани доаѓа по стабилизацијата на состојбата со вирусот во државата.

Но, тој предупредува дека пандемијата сè уште не е завршена и оти треба да се придржуваме кон мерките за заштита.

– Европската Унија одлучи да ги олесни ограничувањата за патување на нашите државјани, на што се согласија сите 27 членки на блокот. Оваа одлука на ЕУ доаѓа по стабилизација на состојбата со вирусот во државата. Продолжуваме будно да ја следиме епидемиолошката состојба во земјава. Апелирам до граѓаните дека сè уште важат основните мерки за заштита од COVID-19. Пандемијата не е завршена кај нас, во земјите во регионот, па и насекаде во светот, сè уште има активни случаи и новозаразени, што на еден начин е потенцијална закана за можен удар од вирусот, затоа треба да се придржуваме кон мерките за заштита, напиша министерот Филипче на Facebook.

Изјавата на министерот доаѓа по денешната одлука на амбасадорите на ЕУ да се укинат рестрикциите за несуштински патувања за државјаните на неколку земји, меѓу кои и за Северна Македонија.

Одлуката треба да биде формално објавена во Службениот весник на ЕУ со што ќе стапи на сила, најверојатно во петок, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската Унија треба постепено да ги олесни корона ограничувањата за влез за патниците од САД и седум други земји по договорот од средата меѓу 27 земји-членки.

Патниците од САД, Албанија, Хонгконг, Либан, Макао, С.Македонија, Србија и Тајван треба полесно да влегуваат во Унијата, изјави португалското претседателство со ЕУ за германската агенција ДПА. 

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Македонија

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе