НБА 2023/2024 ПЛЕЈ-ОФ

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс израмнија на 2-2 во партии откако синоќа со 116:111 славеа на гости кај Далас Маверикс.

Гостите од Лос Анџелес водеа речиси во текот на целиот натпревар откако по почетните 8:7 на Далас го презедоа водството и во втората четвртина во еден момент имаа и дури +31 поен предност.

Далас во третата четвртина успеа да ја намали разликата дури и на 2 поена, за во средината на четвртата да израмни на 98:98 и 100:100 и дури и да поведе со еден поен (105:104).

Сепак, пресвртот краеше само еден напад бидејќи гостите повторно поведоа и предноста ја одржуваа до самиот крај благодарение на расположениот Џејмс Харден, кој погодуваше од секаква позиција. Харден натпреварот го заврши со скор од 33 поени, 6 скока и 7 асистенции.

URL

Сличен скор имаше неговиот соиграч Пол Џорџ со 33 поени, 6 скока и 8 асистенции.

URL

Кај домашните најефикасен беше Кајри Ирвинг со 40 поени, 7 скока и 5 асистенции, додека Лука Дончиќ запиша трипл-дабл со 29 поени и по 10 скокови и асистенции. Но, Дончиќ беше очаен во шутот за 3 поени реализирајќи само една тројка од 9 обиди, и тоа во последната четвртина.

Remote video URL

Минесота Тимбервулвс е првата екипа која обезбеди место во конференциското полуфинале откако и по четврти пат го среди Феникс Санс. Ноќеска Ентони Едвардс ја предводеше Минесота со 40 поени, 9 скока и 6 асистенции, а поддршка имаше од Карл-Ентони Таунс со дабл-дабл од 28 поени и 10 скока, Џејден МекДениелс со 18 поени и Мајк Конли со 10 поени и 7 асистенции.

Кај елиминираниот Феникс пирови сеа 49-те поени на Девин Букер, кој поддршка имаше само од Кевин Дурент со 33 поени, 9 скока и 5 асистенции. Никој друг од редовите на Санс не ја мина границата од 10 поени.

Remote video URL

Резултати:

Филаделфија 76ерс - Њујорк Никс 92:97 (1-3)
Далас Маверикс - Лос Анџелес Клиперс 111:116 (2-2)
Индијана Пејсерс - Милвоки Бакс 126:113 (3-1)
Феникс Санс - Минесота Тимбервулвс 116:122 (0-4)

URL
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Кошарка

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Read more

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Read more

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе