Филипче: Поддржувам декриминализација на канабисот за лична употреба

Апсолутно, јас лично поддржувам декриминализација на канабисот за лична употреба, но сметам дека треба да се дискутира, треба строго да се регулира, меѓутоа, лично го поддржувам тој процес, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашната дебата на „360 степени“ на тема декриминализација на канабисот и кој модел би можел да функционира во земјава.

Подготвени сме, рече министерот, да отвориме една многу широка дебата во општеството во која што ќе учествуваат сите чинители.

– Подготвени сме да ги слушнеме идеите на граѓанските организации, здруженијата на пациенти, да видиме кои процеси треба да ги преземеме. Тука Министерството за здравство не е само, тука има и други институции на државата како Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, истакна Филипче.

Тој рече дека во моментов во рамките на ингеренциите на Министерството за здравство согласно Законот за опојни дроги е издавањето лиценци за одгледувањето на канабис за медицински цели. Досега издадени се 60-ина лиценци на компании кои направиле инвестиција со вработување на млади кадри, експерти од областа на фармацијата, агрикултура итн.

– Во овој момент Законот предвидува препишување на канабис за медицинска употреба согласно концентрацијата на ТХЦ, и тоа е во рацете на повеќе лекари-специјалисти во делот на онкологијата, инфективната медицина, неврологијата согласно експертизата, болестите за која е индициран употребата на канабисот. Уште минатата година поднесовме измени до Собранието на сегашниот Закон за опојни дроги, за жал таа измена сè уште не помината. Таа измена е во извозот на цветот од канабис со цел да може да биде извезен, рече Филипче.

Remote video URL
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе