Филипче: Резултати од мерките ќе видиме за 3-4 недели

Скопје, 30 октомври 2020 (МИА) – Има многу мал број пациенти кои се поставени на респираторна машина во моментов во болницата „8 Септември“ и на Инфективната клиника, изјави министерот за здравство, Венко Филипче кој заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи Радмила Шекеринска и Бујар Османи ја примија денеска на Меѓународниот аеродром Скопје донацијата од 60 респиратори од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемијата.

Тој нагласи дека има кадар кој што има огромно искуство во работата со овие машини, пред сѐ, анестезилолози, меѓутоа и инфектолози и дел од интернистите кои што во своите одделенија и болници имаат оддели за интензивно лекување.

– Експертизата секојдневно се споделува, се разменуваат искуства, се дискутираат на утринските стручни состаноци клиничките состојби на пациентите, во смисла на индикација за поставување или не на респираторна машина како и соодветна апликација на терапија. Така што ова не е нешто непознато за нашите колеги, имаме огромно искуство во работа со овие апарати, изјави Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Во однос на лекувањето, тој посочи дека е потребно да има точна индикација и кои параметри се следат и се анализираат кај секој пациент во текот на деноноќието и кои се индикациите од сите тие параметри за поставување на пациент на респираторна машина.

– Еден дел од индикациите се поврзани со сатурација, врзување на крвта со кислородот, понатаму длабочината на дишењето и некои други анализи на крвта коишто укажуваат на процентот на кислородот, така што тоа е оставено во делот на медицинската наука, појаснува Филипче.

Во однос на НАТО донацијата од 60 респиратори машини, министерот рече дека станува збор за уреди кои се користат за транспорт на пациентите во амбулантните возила од една болничка установа во друга, и веќе е изготвен соодветен план за нивна распределување на неколку клиники во Скопје согласно потребите.

На новинарско прашање за донесените мерки за справување со ковид-кризата, Филиче истакна дека доколку доследно се почитуваат тие треба да дадат резултат, а резултатот од нивното споведување се очекуваат за еден месец.

– Циклусите на промена и резултатите од воведените мерки не само кај нас, туку и во многу други земји доаѓаат по три до четири недели, толку е циклусот на еден тренд на намалување на трансмисијата на вирусот до видливиот пад на детекција на бројот на заболени. Такви се и нашите очекувања иако е не благодарно да се даде прогноза. Очигледно е дека многу од прогнозите, предвидувањата не само кај нас туку практично и во целиот свет не се остварија. Многу има непознати за овој вирус. Еве сега има и шпекулации во однос на тоа дали вирусот мутирал или не, сето тоа е во сферата на истражувањето. Но, и покрај тоа, нашите очекувања се дека за еден месец, три до четири недели би требало да има видливи резултати и притисокот врз болниците да спласне, истакна министерот за здравство Венко Филипче.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе