Филипче: Се размислува за присуство на настани само со сертификат за вакцинација

„Граѓаните мора да сфатат дека вакцинацијата е единствениот спас од COVID-19“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој најави дека од есен најверојатно на масовни настани и на отворено и на затворено би се присуствувало само со сертификат за вакцинација.

На прашањето дали ќе се воведат построги мерки бидејќи се намалува интересот за вакцинација, се појавуваат нови кластери на заболени и не сите здравствени работници се вакцинирани, Филипче рече дека според нивните анализи здравстениот персонал е вакциниран со прилично висок процент, некаде 85 проценти, а се чекаат и анализите со опфатот на вакцинација на вработените во училиштата и градинките.

-Тоа како три сегменти кои ни се многу битни за некои процеси да продолжат да се одвиваат нормално и во есенските месеци, градинките и училиштата, и свесни дека можеби и покрај тоа што се што правиме интересот нема да се зголеми, затоа размислуваме за некоја форма на рестрикција во смисла на тоа некои работи. Ние не можеме да воведеме и никаде во светот оваа вакцинација не е задолжителна, затоа мораме да размислуваме за некои алтернативни решенија, на пример да се присуствува на настани со масовно присуство, дали на затворено, дали на отворено, дали во кино, на културни настани, само со таков сертификат и тоа е нешто што можно е да го препорачаме од есенските месеци, сега во месец јули и во август, кога има многу патувања и фреквенција на луѓето да ставиме акцент на сите овие активности кои ги правиме за да го зголемиме опфатот, рече Филипче.

Според министерот, капацитетите за вакцинација се така димензионирани да може да се вакцинираат помеѓу десет и петнаесет илјади граѓани, кога имаше дадено термини.

-И гледајќи дека нема повеќе интерес преку системот за закажување, затоа ги отворивме пунктовите да се вакцинираат сите кои ќе покажат интерес. Нашата проценка е дека до крајот на месец јули околу 500.000 илјади луѓе ќе бидат вакцинирани со една доза и приближно толку ревакцинирани, рече Филипче.

Сепак, според него, тоа не е доволно бидејќи се јавуваат нови мутации – индискиот е еден од нив, кои се многу преносливи.

-Ние ги користиме сите механизми за интензивна кампања. И на терен здравствените домови со здравствените работници, објавите на местата каде ќе се врши теренската вакцинација. Буквално сите луѓе ако покажат интерес на лице место каде што ќе се затекнат, рече Филипче.

Според министерот, мора да им се оддаде признание на здравствените работници бидејќи дале се од себе процесот на вакцинација да биде организиран и да се спроведе. 

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Македонија

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more
 

Вести

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе