со кинеската Sinopharm

Филипче се вакцинираше против COVID-19

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје се вакцинираше против COVID-19 со вакцина од кинескиот производител Sinopharm.

– Денеска ја примив вакцината на Sinopharm. Буквално сите вакцини се безбедни за употреба. Апелирам сите да се свесни дека вакцините се сигурни, безбедни, дека сите се развиени на безбедни платформи, дека несаканите ефекти се навистина мали, има точни индикации односно контраиндикации за возрасни групи или некои специфични критични категории граѓани кои нема да треба да примат некаква вакцина и ние тоа го влечеме како податок од научните испитувања од производителите, изјави Филипче.

Вакцината, посочи министерот, е нешто што сите го чекаме долго време, нешто што значи фактор кој ќе влијае да се смени сликата за пандемијата насекаде во светот, а сега соочени со една болест за која досега немаше вакцина, знаеме што значи овој инструмент да го немаме во рацете.

– Пандемијата нè научи на многу работи уште од почетокот на минатата година, да бидеме сплотени и обединети околу почитување на превентивните мерки кои се темелат на универзални принципи на заштита од ширење на вирусот, а сега во оваа фаза еден нов момент повторно да бидеме сплотени и обединети околу тоа да ставиме приоритет на вакцинацијата како еден од клучните елементи со кои може да се смени целокупната слика за пандемијата кај нас, потенцира Филипче.

Тој рече дека системот за вакцинација добро се спроведува и во текот на вчерашниот ден се вакцинирале околу 10.000 граѓани во земјава. Овој систем, појасни, со центри за масовна вакцинација, повеќе спортски сали по примерот на салата „Борис Трајковски“, добро се одвива во државата.

– Акцент е ставен на сите пријавени на сајтот vakcinacija.mk со приоритет по возрасна група и паралелно на тоа еден помал дел оди кон вработените во критичната инфраструктура како што започнавме уште пред неколку недели. Како ќе доаѓаат вакцините така ќе бидат распределени за да овие два системи што поголем број граѓани добијат вакцина за што пократко време. Во нашата земја вакцинирани се близу 100.000 граѓани. Сметам дека ќе имаме и натаму добра динамика на вакцинирање. Затоа повторно апелирам сите да се пријават на сајтот vakcinacija.mk . Tоа е системот по кој системот „МојТермин“ ќе ги приоретизира категориите граѓани и во соодветно време согласно тајмингот на пријавување граѓаните ќе добијат или СМС порака или меил за да се јават во соодветно време и во соодветен пункт за вакцинација, истакна Филипче.

Посочи дека одлучиле Владата да биде една од институциите кои ќе се вакцинира непосредно после Собранието, како институција која е битна за функционирањето на државата, за одржувањето на системот и по тој систем сите министри во следните 10-тина до 14 дена добиле веќе свој термин.

– Таа национална стратегија која се темели на националните стратегии и принципи на сите земји во светот е еден добар систем и по тој систем треба да се приддржуваме, додаде Филипче. 

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе