Филипче: Сликите од Србија не се срам, изненаден сум од изјавата на Пендаровски

„Она што викендот го гледавме во Србија, каде се вакцинираа нашите граѓани е срам за државата и не смее да се повтори“, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски по завршувањето на седницата на Советот за безбедност на која се разговараше за состојбата со пандемијата и на која учествуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за здравство Венко Филипче реагираше на изјавата на шефот на државава, при што на неговиот Facebook профил напиша дека е изненаден од изјавата на претседателот Пендаровски бидејќи, според него, сликите од Србија не се срам туку одраз на солидарност во услови на криза.

„Изненаден сум од изјавата на претседателот Пендаровски, сликите од Србија не се срам, тоа е одраз на солидарност во услови на криза. Покрај нашите граѓани се вакцинираа и граѓани на соседните земји, но ниеден претседател не рече дека е тоа срам за неговата земја. Владата прави максимални напори да обезбеди вакцини, а вакцинацијата започнува веќе од утре. Претседателот на државата како институција исто така би требало да игра значајна улога во сите овие процеси на набавки. За жал, конкретна поддршка од Пендаровски изостана“, објави министерот за здравство на неговиот Facebook профил.

Советот за безбедност побара државата да ги искористи сите расположиви ресурси за да им се даде соодветна здравствена заштита на заболени од COVID-19, како и да направи сè да спроведе масовен процес на имунизација на населението.

„Државата не смее да дозволи ниту еден граѓанин да не биде примен на болничко лекување. Од министерот Филипче добивме уверување дека такво нешто досега не се случило ниту ќе се случува отсега“, рече Пендаровски.

Во врска со имунизацијата која треба да почне утре Пендаровски побарал надлежните да го организираат процесот во најдобар ред и, како што рече, таа обемна операција да продолжи до целосна имунизација на населенитето. 

„Тоа не го барам само јас, го пренесувам чувството на голем дел македонски граѓани кои не се задоволни од тоа што на тој план го направиме досега. Сликите што ги гледавме изминатиот викенд во Србија тоа најдобро го илустрираат. Вакви слики едноставно не смеат да се повторат. Благодарност до Србија, но, тоа беше срам за нашата држава. Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира овде“, потенцираше денеска Пендаровски.

реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе