ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Филипче: Срцето на една сакана мајка и сопруга сега чука тука во градите на Иван и тој го почнува неговиот втор живот

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце, односно трансплантација од починат донор. На Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, по шестчасовна операција, во 2 часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54-годишниот пациент Иван Огњановски. Два бубрега од истиот донор се трансплантираа на Клиниката за урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција изјави дека денеска испишавме историја бидејќи за првпат во нашата земја беше направена трансплантација на срце од починат дарител.

-Еден чин, еден акт, една организација, предоперативна примена, оперативна интервенција, и постоперативен тек што сите нас овде нѐ прави сите нас овде многу горди. Трансплантацијата немаше да биде можна без еден друг чин на човекољубие на алтруизам поради тоа што семејството Диневи пред неколку дена ја загубија својата сакана мајка и сопруга и после дијагностицирањето на мозочната смрт, се согласија да ги донираат срцето и бубрезите на починатата, рече Филипче.

Тој верува дека со ова ќе се испрати многу силна порака до сите наши граѓани колку е битно донирањето органи дека тоа во одреден момент спасува животи.

-Кардиохиругијата и медицината имаат периоди на моќ и на немоќ. До вчера не бевме моќни да го спасиме животот на Иван Огњановски и тој самиот, медицинските тимови беа свесни дека ги живее последните денови, но со овој чин на алтруизам на семејството Диневи, на Миле, Влатко и Викторија, со нивна согласност, срцето на нивната сакана сега чука тука во градите на Иван и тој го почнува неговиот втор живот, рече министерот.

Сепак, додаде тој, борбата е на почетокот.

-Заврши еден од најтешките делови, се надеваме дека во процесот којшто следи организмот нема да го отфрли срцето и исто така и двата бубрези кај другите двајца рецишиенти кои сега ќе живеат многу поквалитетен живот и нема да одат на дијализа, рече Филипче.

Вчерашната интервенција, како што кажа, е многу битна и од еден друг аспект.

-За првпат се обединија знаењата, капацитетите, искуството и експетизата на тројцата наши врвни кардиохирурзи, проф. д-р Сашко Јовев од државната Клиника за кардиохирургија, академик Жан Митрев од Клиниката „Жан Митрев“ и проф. д-р Александар Николиќ од Клиниката Аџибадем Систина, којшто покажаа дека здравјето на граѓаните е на прво место, и етиката и хипократовата заклетва ги надминуваат сите разлии, рече Филипче.

Министерот им честиташе на сите припадници на тимот, кои како што рече со огромна доза на ентузијазам, пожртвуваност и висока професионалност покажале како се работи за да се спаси човечки живот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе