Филипче: Вакцините против грип дел од стратегијата за справување со COVID-19

Скопје, 9 август 2020 (МИА) – Нови 200 случаи на COVID-19, 15 оздравени и четири починати лица, е билансот што го регистрира вчера Министерството за здравство.

Според податоците, по Скопје, најголем број новозаразени има во Штип, Куманово, Гостивар, Тетово и Велес.

Министерот за здравство, Венко Филипче најави зголемување на бројот на бесплатните сезонски вакцини против грип како дел од стратегијата за справување со COVID-19, а рече и дека се преземаат чекори за зајакнување на болничките капацитети, за брзо тестирање, како и за зголемување на медицинскиот персонал во пресрет на евентуален нов корона бран оваа есен.

Инфективната клиника, пак, овој месец ќе биде „зајакната“ со шведско искуство за нега на пациенти болни од COVID-19.

 -Дел од нашата стратегија е двојно да ги зголемиме бесплатните сезонски вакцини против грип. Вакцината нема да биде задолжителна, но таа и тоа како е важна мерка за заштита против COVID-19, особено за луѓето од најранливите групи. Ќе ги вакцинираме сите лица постари од 65 години, пензионери, ќе има вакцина и за здравствените работници, за трудниците…, за тие кои сметаме дека најмногу треба да се заштитат. Верувам дека ќе има добар одзив и дека ќе прифатат вакцинација. Да се заштитат барем од сезонскиот грип, зашто за тоа има заштита-вакцина. Сега гледаме колку е вакцинацијата битна, кога се соочуваме со болест за која нема вакцина, нагласи Филипче.

Според него, продолжува изградбата на модуларни болници во 16 општини низ земјава и моментно нема недостаток на специјалисти иако лекарите веќе почнале да ги користат одморите.

-Прво ги спремаме 16-те КОВИД центри по примерот на модуларната болница до Инфективната клиника, за да се зголеми бројот на болнички кревети во сите болници ширум државата, и целосно да се одделат овие пациенти со COVID-19. Во секоја од овие 16 ќе има брза дијагностика, да се знае веднаш по приемот дали пациентот е носител или не на вирусот, да се знае по која патека да се движи, напомена Филипче.

Медицинскиот техничар од Шведска, Ханс Јорген Михаел Селберг кој пристигна во земјава на четврти август преку европскиот механизам за цивилна заштита, ќе им помогне на своите колеги од Инфективната клиника при нега на пациенти болни од COVID-19. Тој ќе престојува на Клиниката еден месец за да ги пренесе своите искуства.

На Инфективната клиника, како што покажува последната, вчерашна статистика на Министерството за здравство, примени се четири пациенти, а вкупно хоспитализирани се 80. На кислородна поддршка се 37, а ниту еден не е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на COVID-19 и четири деца позитивни, додека тројца се суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ се примени девет нови, а вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се петмина. Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.754, оздравени се 7.622, починале 523, а активни случаи има 3.609.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Времето денеска сончево и потопло

Read more

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more
 

Вести

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе