Катастрофалниот филм „Moonfall е прогласен за еден од најлошите досега, судејќи според заработката. Филмот не успеа да предизвика интерес кај публиката. Во главните улоги се појавуваат Хали Бери, Џон Бредли, Патрик Вилсон и други.
Со импресивен буџет од 140 милиони долари, филмот почна да се прикажува минатиот месец. Во првиот викенд успеа да заработи само 10 милиони долари.
Досега има заработено 39.2 милиони долари што во однос на вложената сума е мала цифра, далеку под очекуваното.
Така, „Moonfall“ се најде на листата холивудски филмски неуспеси, како „Mars Needs Moms“ (вложени 150 милиони долаи, a заработи 39,2 милиони) и „The Adventures of Pluto Nash“ (вложени 100 милиони долари, за има заработено 7,1 милион).
Буџетот од 140 милиони долари не вклучува пари потрошени на маркетинг што значи дека загубата е уште поголема.