Фитнес инструкторка откри кои се најефикасни вежби за топење на салото на стомакот

А.С.
/ 06.04.2023 / 11:40

Рамен стомак е една од главните цели за многу луѓе кои имаат редовна физичка активност.

Нема многу мудрување тука - затегнатиот стомак е резултат на здрава и урамнотежена исхрана и редовно вежбање. Фитнес инструкторката Мери-Елен Сабат вели дека има две вежби кои се особено ефикасни во отстранувањето на салото на стомакот.

„Ова се вежби кои не само што ги таргетираат стомачните мускули, туку ангажираат и неколку други мускулни групи. Тие може да помогнат во подобрувањето на кардиоваскуларната издржливост и согорувањето на калориите, што доведува до целокупно губење на маснотиите“, истакна Сабат.

Станува збор за вежбите mountain climbers и navy seal burpees.

Како се изведуваат mountain climbers?

Ставете го телото во класична положба на штица/plank, држете ги рамената и дланките во иста рамнина, префрлете ја тежината на прстите на нозете, држете го грбот исправен и торзото стегнато. Потоа кренете го коленото на едната нога под градите и вратете го на почетната положба. Не смеете да го свиткувате или занишуваате телото, а кога ќе ја спуштите едната нога, истото повторете го и со другата. На почетокот концентрирајте се на правилно извршување на вежбата и постепено зголемувајте го ритамот, за на крајот да изгледа како да трчате во место.

Ако никогаш не сте ја извеле вежбата, првите неколку дена правете ја полека, но правилно, а потоа, кога ќе научите, „трчајте во место“ цела минута. Потоа слободно почнете да ги зголемувате минутите, по половина минута повеќе секој ден. Така, секојдневно ќе ги поместувате границите на вашата издржливост и ќе се зголеми бројот на калории што ќе ги согорите со оваа одлична вежба.

Remote video URL
Како се изведуваат navy seal burpees?

Ова е одлична вежба за брзо слабеење, иако многу луѓе ја мразат. Тоа е движење кое има кардио елемент - го зголемува отчукувањата на срцето и работи на мускулите на нозете, глутеусите, горниот дел од телото, јадрото и грбот. Освен што активираат бројни мускулни групи, со вежбата се согоруваат повеќе калории во минута во споредба со другите вежби.

Вежбата започнува од исправена положба. Од оваа позиција се спуштате во сквот со рацете на подот пред вас. Следното движење е да ги исфрлите нозете зад вас за да бидете во горна положба за склек. Од оваа позиција, направете по една серија mountain climbers, па се враќате во положба за сквот и потоа скокате во воздух за да се вратите во почетната, исправена положба.

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фит

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе