Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Познатиот уругвајски фудбалер Диего Форлан треба да заигра тенис на ИТФ турнир во јуни.

Јужноамериканските медиуми јавуваат дека Диего, кој од детството има страст кон тенисот, е пријавен за турнирот во Лима.

Турнирот е закажан за средината на јуни и ќе трае од 15 до 22, а ќе се игра во Мирафлорес, Лима, на земја.

MT1000 е еден од 30-те турнири од ваков вид на ИТФ турнејата во светот, а Форлан ќе биде само еден од оние што ќе учествуваат на 17-тото издание на турнирот наменет за играчи од 30 до 85 години.

Форлан на ИТФ рангирањето е на 916. место во сингл, додека во двојки е на 560. место. Диего спортската кариера ја направи во фудбалот, но од 8 до 16 години беше член и на тенискиот клуб Караско во Монтевидео.

Љубовта кон тенисот никогаш не ја заборави, а го играше рекреативно и во текот на фудбалската кариера, па зборуваше за играњето против Руд ван Нистерлој во Манчестер Јунајтед.

„Ван Нистелрој ме предизвика да играме бидејќи имал играно малку тенис, но не знаеше дека јас не сум почетник. Атмосферата беше таква што менаџерот и директорите дојдоа да гледаат. Сер Алекс рече дека знаел дека сум играл порано и ставил пари на мене. Јас го добив мечот, а Алекс ги освои парите“, изјави Форлан, кој беше англиски шампион со Јунајтед во раните 2000-ти.

Во текот на својата кариера, сега 44-годишниот играч играше за Индепендиенте, Манчестер Јунајтед, Виљареал, Атлетико, Интер, Интернасионал, Серезо Осака, Пењарол, Мумбај Сити и Китчи.

Неговиот придонес за репрезентацијата на Светското првенство во Јужна Африка најдобро се памети кога Уругвај стигна до полуфиналето, а Форлан беше најдобар играч на Мундијалот. Во 2011 со Уругвај ја освои Копа Америка среде Аргентина. Одигра 112 натпревара за „Селесте“ на кои постигна 36 голови

реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Фудбал

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Read more

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Read more

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Read more

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more
 

Спорт

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе

Кога ќе се знае судбината на Модриќ во Реал?

Читај повеќе
  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе