Формата на Салах не е чудо: Никогаш не зема слободен ден, тренира и по натпревар

Очигледно не е само Кристијано Роналдо неуморен фудбалски работник, бидејќи слични зборови доаѓаат од Островот и тоа за Мохамед Салах.

На 9 натпревари во Премиер лигата има постигнато 10 голови и 5 асистенции. Во Лигата на шампионите на 3 натпревари даде 5 гола. Мохамед Салах моментално е фудбалерот во најдобра форма. И тоа очигледно не е воопшто случајно.

Во интервју за Goal резервниот голаман на Ливерпул открива како целиот тим е импресиониран од Египќанецот, кој не случајно игра во животна форма.

„Тој е вистински работник. Никогаш не зема слободен ден. Секогаш тренира или прави вежби за опоравување, дури и неколку часа по натпреварите тој прави нешто за да ги опорави мускулите и да биде подготвен за наредниот натпревар“, открива Адриан.

„Неверојатно е како тренира. Тоа што моментално е во одлична форма нема врска со среќа. Да бидеш еден од најдобрите играчи на светот и да покажуваш исто ниво на секој натпревар, давање голови, додавања, темпо, дриблинзи, тој е неверојатен“, додава во еден здив.

Адриан Сан Мигел дел Кастиљо од август 2019 година му е соиграч на Салах, но како замена за единицата Алисон. Андалузиецот тогаш дојде од редовите на Вест Хем, а потекнува од академијата на Бетис од неговиот роден град Севиља.

„И го заслужува ова. Навистина сме среќни за него, но воедно потребен му е и тимот да биде зад него и тој е свесен за тоа. Тој е еден од најскромните личности во соблекувалната, а работи крајно напорно. На сите им е многу пријатно да имаат некој како Мо, кој се наоѓа во одличен моментум. Но, ние сме 25 играчи. Ние сме тим и секој мора секојдневно да го поттикнува другиот“.

Ни Роналдо, ни Меси, за Адриан најдобар фудбалер на светот е Мохамед Салах.

„Мо, за мене, е дефинитивно најдобриот на светот“.

реклама

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе