Франција: Уапсен млад следбеник на Хитлер, планирал масовно убиство во средно училиште и џамија

Како што јави Radio France, 19-годишно момче завчера е приведено и обвинето за планирање насилничка акција во своето поранешно средно училиште и во џамија во Поморска Сена.

Француската контраразузнавачката служба – ДГСИ во регионот на Ле Авр го уапсила момчето (19), кое е осомничено дека сакало да изврши масовно убиство во своето поранешно средно училиште и во џамија. Тоа е обвинето за злосторничко-терористичко здружување и од петокот му е одреден притвор, според националното антитерористичко обвинителство.

Младиот човек веќе одредил датум за нападот, 20 април 2022 година. Тоа е четири дена пред вториот круг од претседателските избори, но тоа е датумот од раѓањето на Адолф Хилтер. Според неговите роднини, 19-годишникот бил фасциниран од фирерот.

Во неколку тетратки пронајдени во неговиот дом, тој наведувал дека бил малтретиран, самиот се нарекувал психопат и ја изразувал идејата за масовно убиство во поранешното средно училиште и во блиската џамија. Тој се осврнува на престрелката во Колумбин, во која загинаа 15 лица во американско средно училиште на 20 април 1999 година.

Во семејниот дом, истражителите откриле и 17 ножеви, некои со натписи од неонацисти, но и карабин и ловечка пушка, кои можеби му припаѓаат на неговиот татко.

Младиот човек бил забележан од истражителите благодарение на неговата размена на Telegram со млада девојка од Безје, осомничена дека планирала напад против црква во Еро. Таа минатиот април била обвинета за злосторничко-терористичко здружение и сега е во затвор.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Свет

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе