Францускиот државен врв во изолација откако Макрон беше тестиран позитивен на вирусот

Откако Елисејската палата потврди дека претседателот Емануел Макрон е позитивен на тестот на COVID-19, скоро целиот државен врв на Франција, премиерот Жан Кастекс, сопругата на претседателот Брижит Макрон, претседателот на Националното собрание Ришард Феран се потенцијалните „случаи на контакт“ и ќе мора да се изолираат, јави дописникот на МИА.

Шефот на француската држава во вторникот ручаше со претседателот на Собранието и шефовите на парламентарните групи во Палатата Бурбон. Министрите присутни на Советот на средата не се ставени во изолација. Сопругата на претседателот наскоро ќе биде тестирана, јавија француските медиуми.

Само неколку минути по објавата од Елисејската палата, во која се посочува дека Емануел Макрон бил позитивен на коронавирус, премиерот Жан Кастекс објави дека тој исто така е „во изолација“. Двајцата вечераа заедно во вторникот вечерта.

Брижит Макрон која се смета како случај за контакт, „не покажува никакви симптоми“, според нејзиниот кабинет. Таа ќе се тестира наскоро како превентивна мерка, им укажаа на Фигаро од нејзиното опкружување. Сопругата на шефот на државата веќе имаше тревога во октомври, но имаше негативен тест.

Иако Шефот на државата треба да ги почитува гестовите со бариери во сите околности, сите луѓе со кои тој физички разговарал последните денови сега се сметаат за потенцијални „случаи на контакт“.

Ова е особено случајот на Ришард Феран, претседателот на Националното собрание, кој беше ставен во самица во четвртокот. Со деветте претседатели на парламентарни групи на Палата Бурбон, тој беше примен на ручек во Елисејската палата во вторникот напладне. Меѓу нив беа Кристоф Кастанер (ЛРЕМ), Патрик Мињола (МоДем), Оливие Бехт (Ажир), Дамиен Абад (ЛР), Валери Рабол (ПС), Жан-Лук Меленшон (ЛФИ), Жан-Кристоф Лагард (УДИ), Андре Шасини (КПФ) и Бертранд Панчер (Слободи и територии).

Сите членови на Владата кои учествуваа на Советот на министри и Советот за одбрана во средата добија порака од Елисеј во која се вели дека тие „не се“ случаи за контакт „затоа што беа применети мерките растојание и маски.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Read more

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more
 

Вести

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Читај повеќе

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе