Француското списание ГЕО пишува за Северна Македонија – непозната земја на Балканот

Во својот мартовски број, француското месечно списание GEO објавува опширна репортажа за Северна Македонија, претставена како непозната земја на Балканот.

Северна Македонија, за списанието GEO е „Непозната земја на Балакнот“, јави дописникот на МИА.

– Со својата релјефна географија, оваа поранешна југословенска република, независна од пред триесет години, мораше да се бори пред да биде призната и да се стекне со име. Сега таа вложува во своето волшебно наследство за да го најде своето место во денешна Европа, стои во воведот на репортажата.

За неговите читатели да имаат мал преглед на убавините на Северна Македонија, месечникот GEO, преку видео запис и серија фотографии на својата интернет страница им нуди мало, но детално претставување на земјата.

Истовремено во месечното печатено издание, поместена е на 14 страници статијата на Жил Провост и фотографиите на Гијом Ербо.

Репортажата е повик до франкофонските читатели на овој угледен месечник да патуваат во Северна Македонија, започнувајќи „од бреговите на Охрид, каде има констелација од цркви и манастири, каде Византија е зад секоја врата, преку откривање на планините, кои ја прават земјата една од највисоките во Европа, барокниот кич и статуите во Скопје кои се во контраст со спокојните и убави пејсажи, посетата на Шарената џамија во Тетово, спомениците од нејзината 2400 годишна историја преполна со настани, мозаик на народи и вери, накратко концентрација на култури, се резимира во претставувањето на Северна Македонија во франкофонското издание на списанието GEO.

реклама

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе