Французите скромно го прославија Денот на Бастилја
Големиот национален француски празник, интернационално познат како Денот на Бастилја, годинава поради коронавирусот помина со далеку поскромна прослава.
Fête nationale, или Национален празник, а интернационално познат како Денот на Бастилја по падот на политичкиот затвор Бастилја во Париз на 14 јули 1789 година, традиционално се слави со воени паради во француската престолнина и е најстар таков празник во Европа.
Денеска на Елисејските полиња немаше масовна парада, а беше одбележан со многу мала парада колку да не биде заборавен денот кој направил пресвртница во Француската револуција.
Настанот не мина без инциденти откако се собра група демонстранти за да го осуди полициското насилство при што и се судрија со полицијата.