Франк де Бур е новиот селектор на Холандија

Холанѓаните најдоа замена за Роналд Куман кој ги напушти за да ја води Барса, а негова замена е неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Франк де Бур.

Кралската холандска фудбалска асоцијација (КНВБ) потврди дека се договориле поранешната легенда на холандскиот фудбал да седне на селекторското столче. Де Бур потпиша двегодишен договор, односно заклучно со Мундијалот во Катар каде треба да ја води Холандија, но прво и да ја квалификува.

„Портокаловите“ бележеа одлични резултати под водство на Куман, но понудата од Барселона не му се испушташе, па ги остави на цедило. Тој ја водеше репрезентација од февруари 2018 и имаше договор заклучно со Мундијалот во Катар. Во меѓувреме, ја квалификува Холандија на ЕУРО 2020, а го освои и 2. место во првата сезона од Лигата на нации каде загуби во финалето од Португалија.

URL

Де Бур успешно ја почна тренерската кариера во Ајакс со кој од 2010 до 2016 освои 4 титули шампион на Ередивизи, но потоа имаше лоши и краткотрајни авантури во Интер и Кристал Палас. Од 2018 ја предводеше Атланта Јунајтед во МЛС со која се раздели во јули.

Куман (57) и Де Бур (50) се 7 години разлика, но кариерите им се поклопија токму во репрезентацијата на Холандија каде заедно играа од 1990 до 1994 година и беа дел од Мундијалите во 1990 и 1994, како и ЕУРО 1992. И двајцата настапуваа за Ајакс и Барселона, но но различни периоди.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе