Англиска фудбалерка доби отказ по истрага на неколку снимки објавени на Snapchat.
Медлин Рајт стана бивша фудбалерка на Чарлтон Атлетик откако е снимена како пие шампањ додека е покрај воланот на нејзиниот Range Rover.
На друга снимка се гледа како 22-годишната фудбалерка е на забава со пријатели, на која гостите вдишуваат гас од балон, но отказот наводно го добила поради снимката на која пие покрај воланот.
Откако снимките станаа вирални, клубот го потврди раскинувањето на договорот.
„Клубот е запознаен со видеото и брзо е побарана истрага за инцидентот. Разочарани сме од однесувањето кое не ги претставува нашите стандарди. Фудбалерката се кае и го напушти клубот“, изјави официјалниот претставник на клубот за SunSport.