Сер Алекс Фергусон? Не, во Италија има некој што го руши рекордот на историскиот англиски селектор. Неговото име е Луиџи Фреско, наречен Џиџи, и од 1982 година постојано седи на клупата на Виртус Верона, клуб кој игра во групата А од Серија Чи, односно третата италијанска лига.
Приказната за стратегот роден 1961 година е повеќе уникатен отколку редок случај. Од 1973 година тој е присутен во организационата шема на клубот, прво како дете кои игра фудбал, па соработник во младинскиот тим, потоа како претседател и на крајот и како тренер на првиот тим. Врска која трае повеќе од 40 години, предодредена да остане засекогаш во историјата на италијанскиот фудбал.
Од Третата категорија до Серија Чи: за повеќе од 40 години на клупата на Виртус Верона, Џиџи Фреско го предводеше овој тим во сите категории (со исклучок на Серија А и Серија Би). Освен што е технички водич на клубот, тренерот ја извршува и функцијата претседател од 1982 година.
Без натпреварите од трета, втора и прва категорија, има вкупно 1.151 последователни натпревари одиграни со Џиџи Фреско на клупата на Виртус Верона, од промоцијата во Серија Чи, со вкупно остварени 7 промоции. Рекорд предодреден да трае со текот на времето.
Со текот на годините, Фреско го доби прекарот Сер Алекс Фергусон од Италијанците, иако Англичанецот застана на 27 последователни години како менаџер на Манчестер Јунајтед. Тренерот-претседател на Виртус Верона ја извршува двојната функција повеќе од 40 години.
Луиџи Фреско не само што ги извршува двете улоги во помалиот клуб од Верона, туку и продолжува да ја извршува својата работа како генерален директор на административните служби на сеопфатниот институт „Дон Милани“ во Лавањо. Единствениот човек способен да остане на иста клупа слично време како Фреско беше Ги Ру, кој беше тренер на Оксер 44 години.
Инаку, Виртус Верона е клуб формиран 1921 година и се наоѓа во населбата Борго Венеција во Верона, град каде далеку попознати се денешниот калчолигаш Верона и поранешниот Киево. Неговите навивачи се левичари и антифашисти.