Мет Ричи со години е стандарден првотимец на Њукасл, а англиските медиуми и навивачите на „Страчките“ се шегуваат со него дека од ова лето, кога му истекува договорот со „Црно-белите“, може да почне да го вози клупскиот автобус.
Финтата е што искусниот фудбалер пред неколку дена успешно за заврши обуката и доби возачка дозвола Ц категорија, за која се пофали на социјалните мрежи.
Ричи во Њукасл пристигна во 2016 година од Борнмут, а оваа сезона забележа 11 настапи за тимот од „Сент Џејмс Парк“, каде што еднаш успеа да се запише во листата на стрелците, и тоа токму на дуелот против својот стар клуб во натпреварот што се одигра во февруари.
Сепак, сезонава не добива значителна минутажа, па од Нова година до денес одигра само 4 натпревари за „Страчките“ и на секој од нив помина по 1 минута на теренот.
Њукасл во средата навечер беше поразен од Кристал Палас и моментално ја зазема седмата позиција на табелата во Премиер лигата, па на крајот од сезоната го чека голема борба за шестото место.
Ричи е поранешен реперзентативец на Шкотска, за која одигра 16 натпревари и постигна 3 гола.