Гаши: Апасиев го повлече потписот од иницијативата за недоверба на Владата

Претседателот на Алтернатива Африм Гаши вечерва на прес- конференција информира дека нивните четворица пратеници утре ќе гласаат за недоверба на Владата, откако лидерот и пратеник на Левица Димитар Апасиев се повлекол од листата на потписници на иницијативата.

-Господинот Апасиев го повлече својот потпис од иницијативата за недоверба на Владата, затоа можам да кажам дека Алтернатива заедно со четворицата пратеници сите ќе гласаме утре за недоверба на Владата, рече Гаши.

Тој нагласи дека Алтернатива нема да биде дел од никоја Влада која нема јасно да го има во својата програма евроатланскиот курс и добрососедските политики.

-Затоа ќе оставиме тоа потоа да видиме како ќе се случува. Битно е утре ние како Алтернатива сите четири пратеници да гласаме за недоверба на Владата затоа што го слушавме гласот на нашите активисти, на јавното мнение. Бевме бомбардирани овие денови и многу сме горди што денес донесовме ваква одлука, рече Гаши. 

За тоа каков ќе биде исходот утре ќе зависи од сите тие што се потпишале, што сакаат да гласаат.

-Можеби ќе има и други кои не се потпишале, а ќе гласаат, ќе видиме утре. До нас како Алтернатива е да стоиме заедно и да го слушаме гласот на народот и да одлучиме како што тие сакаат да гласаат, рече Гаши. 

За Алтернатива е многу битно да се задржи евроатланскиот курс, тие не се за брзи избори и мислат дека во вакво кризно време не би било добро да се организираат избори.

-Алтернатива во никој случај не мисли дека излез од оваа ситуација се брзи предвремени избори. Ние мислиме дека треба да се формира друга влада, нова влада. Какво мнозинство ќе има таа влада, кој ќе биде премиер ќе видиме низ процедури кои ќе ги потврди претседателот Пендаровски кој го има мнозинството и кој може да докаже дека ќе формира влада. Ние мислиме во вакво време, во енергетска криза, во пандемија не би било добро во никој случај да се организираат брзи предвремени парламентарни избори, а многу сме блиску и до преговорите за ЕУ. Затоа мислиме дека брзо треба да се формира нова влада без разлика со кој состав, само е битно сите заедно како држава да го задржиме евроатлантскиот курс и добрососедските односи, рече Гаши.   

Тој додаде дека тие би прифатиле да влезат во влада само со партии кои ќе прифатат да имаат јасни определби – евроатлантски курс и добрососедски политики.  

Несакајќи да зборува за следните фази, во случај да се изгласа недоверба на Владата утре, претседателот на Алтернатива истакна дека тие како партија ќе одлучат заедно врз кои принципи ќе преговараат со идниот мандатар и врз основа на тоа во партиските органи ќе одлучат заедно како ќе постапуваат во иднина.

-Но, да не прејудицираме. Битно е што ќе се случи утре. Утре е многу важен ден да видиме дали ќе успееме како опозициска партија, нормално, ние дека првпат сме пред овој предизвик ДУИ да оди во опозиција. Ние би сакале тоа да се случи. Добро е да се случи промена, граѓаните ја бараат особено во албанскиот дел 20 години нема промена. Но, Алтернатива може да направи толку колку што можат да направат четири пратеници, рече Гаши. 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе