Гасоводот преминува во стопроцентна сопственост на државата

Скопје, 29 декември 2020 (МИА) – По долгогодишно преговарање меѓу државата и компанијата „Макпетрол“ и повеќе судски спорови за сопственоста на гасоводот вчера во Собранието е изгласан законот со кој гасоводот преминува во 100-процентна сопственост на државата.

Законот беше изгласан со 60 гласа „за“ и 30 гласа „против“, а за него во изминатите денови на маратонска седница дебатираа пратениците од власта и опозицијата. Законот наиде на остра реакција од страна на опозицијата, според која со ваквото законско решение се кршат повеќе членови од Уставот. Го повикаа претседателот на државата да не го потпишува указот за прогласување на овој, како што велат, скандалозен закон.

– Најавуваме дека ќе поднесеме постапка за оценување на уставноста на овој закон, кој што за жал, луѓето од Владата немаа храброст да го потпишат затоа што знаеја дека ова законско решение е неуставно, па прво пробаа преку Државното правобранителство да го протнат и на крај го најдоа решението преку владејачкото мнозинство и овие 62 пратеници да го потпишат овој закон, изјави вчера координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

И од партијата „Левица“ информираа дека поднеле барање до претседателот на државата да го употреби своето уставно право на суспензивно вето и да не го потпише законот. Како причини поради кои го бараат ова од претседателот ги наведуваат спротивноста на законот со амандманот 25 од Уставот, штетноста и сомнителноста на законот и спротивноста на законот со членот 55 од Уставот.

Со свое објаснување вчера се јави и компанијата „Макпетрол“ која во соопштение до јавноста нагласи дека никој ништо не и подарува, туку дека е направена проценка на АД „ГА-МА“ од страна на Бирото за судски вештачења и утврдена е пазарна вредност од 65.547.810 евра.

– ГА-МА АД Скопје е формирана како акционерско друштво во сопственост на МАКПЕТРОЛ АД Скопје и Владата на РСМ, со по 50 проценти од вкупниот основачки капитал на Друштвото, во износ од 37.612.500 евра. Од 2006 година до денес, ГА-МА АД има инвестирано неколку десетици милиони евра во развој на гасоводниот систем на земјата. Со цел да се утврди сегашната вредност на ГА-МА АД Скопје, пред реализација на трансакцијата е извршена проценка на пазарната вредност на Друштвото од страна на овластени проценители, ангажирани преку Бирото за судски вештачења како орган на државната управа во состав на Министерството за правда. Со проценката е утврдена пазарна вредност на ГА-МА АД во износ од 65.547.810 евра, од која вредност 50 проценти во износ од 32.773.905 евра му припаѓаат на МАКПЕТРОЛ АД Скопје. Според тоа, на МАКПЕТРОЛ АД Скопје никој ништо не му подарува, наведе Макпетрол во соопштението.

Оттаму посочија дека обврска на компанијата е да го почитува Законот за енергетика и мора да го продаде својот удел од 50 проценти во „ГА-МА“ бидејќи не може истовремено да врши и снабдување и пренос на природен гас.

Договорот за купување на делот на „Макпетрол“ во АД „ГА-МА“ беше склучен минатата година под медијаторство на Европската енергетска заедница. Преминувањето на АД „ГА-МА“ во државна сопственост беше дел од третиот Енергетски пакет.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Read more

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Read more

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Read more

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Read more
 

Вести

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Русковска

Читај повеќе

Мицкоски на средба со коалицијата: Доби поддршка за почнување преговори за состав на идната влада

Читај повеќе
  • play_arrow

Од понеделник XXIV Недела на италијанскиот филм

Читај повеќе

Гостување на полски автори по повод Месецот на полската литература во библиотеката Браќа Миладиновци

Читај повеќе
  • play_arrow

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Читај повеќе

Арсовска контра Џафери: Сам си одговорен за зеленилото во твојот двор

Читај повеќе
  • play_arrow

Џафери: Груби ниту е Влада, ниту е партија

Читај повеќе

Сообраќајка меѓу 3 возила во Скопје, повредени 4 лица

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје

Читај повеќе