СЕРИЈА А 2021/22

Гатузо ќе го тренира Пандев?

Клубот на македонската фудбалска легенда размислува да направи промена на тренерското столче, а на повидок е Џенаро Гатузо да седне на истото.

Работата на Давиде Балардини во Џеноа од ден на ден станува сѐ понеизвесна откако клубот доби ново сопствеништво. Calciomercato оди и дотаму што објави дека неделниот натпревар со Сасуоло ќе му биде последен на клупата на „Грифоните“.

Компанијата 777 Partners од Мајами купи 99,9% од акциите во клубот, но го остави довчерашниот сопственик Енрико Прециози да биде претседател на клубот. Сепак, новите газди сакаат најстариот италијански клуб да го кренат на повисоко ниво од она на кое е моментално, односно грчевитата борба за опстанок.

За таа цел прво нешто кое сакаат да го направат е да постават нов тренер, а изборот паднал на Џенаро Гатузо. Клубот веќе остварил контакт со Гатузо, кој според италијанските медиуми на прв поглед не бил расположен за преземање на Џеноа. Но, преговорите продолжуваат.

Доколку Гатузо седне на клупата на клубот од Џенова, ќе му биде тренер и на Горан Пандев, кој веќе седма сезона ги брани боите на клубот, наводно негова последна во кариерата.

Пандев во дуел со Гатузо, додека сегашниот тренер беше активен играч

Гатузо е слободен агент откако по завршувањето на минатата сезона ја напушти клупата на Наполи. Се имаше договорено да ја преземе Фиорентина од 1 јули, но уште во средината на јуни ја раскина соработката во управата.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Фудбал

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Read more
 

Спорт

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во ЛШ

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе