Гатузо: Шон Конери сакаше да останам во Ренџерс

Стратегот на Наполи открива дека Шон Конери порано го убедувал да не си оди од Ренџерс кога Италијанецот настапуваше за шкотскиот клуб пред 22 години.

Шон Конери беше страствен навивач на Ренџерс. Поранешниот Џејмс Бонд почина во саботата, а Џенаро Гатузо на вчерашната прес-конференција мораше дел да му посвети токму нему бидејќи своевремено настапуваше за неговиот омилен тим. За година дена во Ренџерс настапи на 51 натпревар и постигна 5 голови со што ги освоил симпатиите на славниот актер.

„Го сретнав само еднаш. Тогаш претседател беше Дејвид Мареј, а тој беше член на управниот одбор. Вистина е, една вечер имав разговор со него и тој ме замоли да не си одам“, рече Гатузо.

Популарниот Рино потпиша за Ренџерс кога беше уште тинејџер, на 19-годишна возраст во 1997 година. Не се снајде во Шкотска бидејќи кога настана смена на тренерите, новиот предводник Дик Адвокат го играше на за него неприродната позиција десен бек, па Гатузо си замина во октомври 1998 година и се врати во Италија во тогаш новајлијата Салернитана.

„Само сакам да му пратам една топла прегратка на целото негово семејство. Јас дефинитивно имам убави сеќавања од него. Имаше голем шарм, одлична личност, тој ја испиша филмската историја“, се сеќава тој.

Гатузо беше прашан и дали некогаш Конери му предложил да се проба во глумењето.

„Не, бидејќи јас дефинитивно го немам неговиот шарм. Дозволете ми да кажам уште еднаш, јас секогаш ќе го чувам во моите спомени“.

Гатузо на Олд Фирм дербито против Селтик
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more
 

Спорт

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе