Гејмерите имаат можност бесплатно да ја пробаат Cyberpunk 2077

Night City бара нови жители, па дури и привремени за само неколку часа.

CD Projekt Red ќе им овозможи на корисниците на конзолите PlayStation 5 и Xbox Series X/S бесплатно да ја пробаат игрицата „Cyberpunk 2077“ за време на католичкиот Велигден.

Гејмерите ќе можат да ја играат игрицата до 5 часа, од 28 март до 1 април. Претплатниците на PlayStation Plus Premium ќе имаат 5 часа бесплатен пристап до основната игра, но и оние што не се претплатници ќе можат да ја пробаат.

За вештите играчи, 5 часа може да бидат доволни за да ја поминат клучната мисија Weeping Girl близу крајот на првиот чин. Сепак, тука приказната навистина се отвора, па програмерите се надеваат дека ова ќе ги поттикне гејмерите да ја купат игрицата.

Како што знаете, „Cyberpunk 2077“ имаше катастрофално деби во 2020 година, беше во толку лоша состојба што Sony го повлече од PlayStation Store и понуди враќање на парите. Сепак, игрицата деновиве е во многу подобра форма. Тука е и експанзијата „Phantom Liberty“, односно ажурирањето 2.0 кое ремонтира некои од клучните системи. Во текот на Велигденскиот викенд новопечените играчи ќе можат сè да пробаат бесплатно.

реклама

Еден суплемент не смеат да го земаат луѓето над 50 години

Read more

Направете фалафел, евтино јадење за целото семејство

Read more

Детална астро анализа до 31 мај за секој хороскопски знак

Read more

Што точно му прави шолја кафе на телото од минута во минута?

Read more

Гејминг

Игрицата The Precinct е како GTA, но играчите имаат улога на полицајци

Read more

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Read more

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Read more

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Read more
 

Гик

Дали во нашиот Сончев Систем се крие џиновска деветта планета?

Читај повеќе

Корисниците на Android потпевнувајќи можат да најдат песна на апликацијата YouTube Music

Читај повеќе

Гавраните знаат да бројат на глас

Читај повеќе

Apple подготвува екрани кои сами ќе се поправаат?

Читај повеќе

Познати спецификациите на смартфоните Honor 200 и Honor 200 Pro

Читај повеќе
  • filter

Poco F6 и F6 Pro се појавија на пазарот

Читај повеќе

Стигнаа нови емотикони: уморно смајли, харфа, лопата...

Читај повеќе

Дали веројатноста доаѓа од квантната физика?

Читај повеќе

Ray-Ban Meta очилата можат да прикачуваат фотографии директно на Instagram

Читај повеќе